Post Views: 1
Охридските убавини секојдневно ги инспирираат нашите сограѓани да ги забележат преку фотографии убавите моменти. Преку најновата фотографија го доживуваме прекрасниот поглед од црквата Св. Јован Канео кон плажата Канео и стариот дел на градот.
Бидете и Вие дел од #ТиСиТвојотГрад, ги очекуваме Вашите фотографии и снимки на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.mk или преку порака на страниците на ТВМ Телевизија на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм.
Post Views: 2
За сите љубители на стенд уп комедијата, овој петок со почеток од 20 часот во Народен театар Охрид ќе се одржи Предновогодишна Импровокација.
Традиционално последната ИМПРОВОКАЦИЈА во календарската година не може да помине без награди од нашите пријатели: Зебра Продукција, Џез ИН, Шила, JJ Advеntures и Bro’s Burger Station – велат организаторите на настанот.
Карти во предпродажба по цена од 250 денари, а на денот на шоуто ќе чинат 300 денари. Резервации на карти на телефонскиот број 075/283-066.
Post Views: 5
Специјалисти педијатри од скопската Клиника ќе работат на детското одделение во Охрид, најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид.
Распоредот на ротација ќе се направи откако ќе се изгласа измената на Законот за здравствена заштита кој ќе им овозможи на специјалистите од сите здравствени установи да може да работат низ целата држава.
Оваа најава следува откако пред повеќе од еден месец, поради недостиг на педијатри детското одделение во Охрид работи само како амбуланта од 08 до 20ч. Итните случаи од Охрид за време на ноќта и викенди се препраќаат...
Post Views: 11
Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19.
Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно....
Post Views: 4
Долгот на Општина Охрид во моментов изнесува 856 831 830 денари, обелодени денеска на прес конференција Градоначалникот Кирил Пецаков. Тој со жалење констатира дека она што претходно беше пласирано во јавноста за тоа во каква финансиска состојба се наоѓа општината ни приближно не соодветствува со реалната состојба. Имено, по финансиската помош на Владата за раздолжување на Општина Охрид долгот изнесувал 530 милиони денари, а согласно физибилити студијата од 5 јули годинава, која беше презентирана пред советниците во Советот на Општина Охрид со цел носење одлука за земање...
Post Views: 34
Иако во текот на изминатите денови за рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваа слики со кои граѓаните на Охрид, но и жителите на околните места ги посочуваа лошите практики, како расфрлан отпад на јавни површини, несредени приватни површини кои се наоѓаат во центарот на Охрид, а се обраснати со трева и трња, елитни населби оставени во лоша состојбаи слично, денес наш сограѓанин ни ја покажува и убавата страна на Охрид.
На неговите слики остави и коментар:
„Охридското срце на Св.Наум Охридски, Св.Климент Охридски и Св.Кирил и Методиј“
Post Views: 1
„До кога ќе продолжи несовесноста на граѓаните и до кога ќе депонираат отпад каде што ќе им текне?!“-прашува Охриѓанец кој ни ги испрати сликите.
Еве ја и снимката https://youtu.be/mEkcCv1JcP0
Post Views: 3
Општина Охрид објавува Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од градот Охрид. Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини) согласно Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година.
Секторот за Туризам и ЛЕР согласно Програмата за 2022 година има определено средства во износ од 300.000 денари. Подетални информации за повикот и потребната документација на следниот линк
Post Views: 0
На 18/19.12.2021 година од 21 до 03 часот на целото подрачје на СВР Охрид извршени се сообраќајни акциски контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-06, Кичево-02, Дебар-01). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Во пресрет на претстојните празници сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 3
Секојдневно до нашата редакција пристигнуваат фотографии во склоп на проектот „Ти си твојот град“, од убави моменти, до лоши практики. Она што денес ни пристигна е една доста лоша слика за нашиот град кој важи за еден од најпознатите туристички центри на Балканот и пошироко. Наш сограѓанин кој ги испрати сликите, остави и коментар кој гласи:
–До ОМУ Методи Патче на бул Туристичка “змијарник “. Општина може да издаде налог на комуналното претпријатие да се искоси тревата и трњата и ако е приватен имот да му се фактурира на господинот.
Во продолжение...
Post Views: 10
Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови:
– Скопје-10– Куманово-27– Штип-3– Прилеп-4– Тетово-5– Струга-4– Велес-2– Охрид-5– Гостивар-1– Кочани-3 – Неготино-2
о ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Во изминатото деноноќие направени се 500 теста.
За пациентка која пред...
Post Views: 11
Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, викендов во Охрид одржа Изборно собрание на кое присуствуваа претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости.
Притоа, со јавно гласање, беше избран Управен одбор за наредниот пет годишен мандат. Стефан Димоски е избран за претседател, Игор Смилески-генерален секретар, Сашо Шумуликоски-помошен генерален секретар, Александар Голабоски-благајник, Антигона Цветаноска-помошник,...