Ознака: Охрид

Непрописно паркирани возила низ Охрид

Post Views: 10 Жители од Стар Град кои гравитираат на ул. Цар Самоил се жалат на сообраќаен метеж поради непрописно паркирани возила. Многу често тесната уличка која ги спојува Цар Самоил и ул. Коста Абраш е непроодна поради несовесни возачи кои го блокираат сообраќајот. Бараат постојано присуство на полицијата за да се влијае на сообраќајната култура кај поединци. Од СВР Охрид велат дека мапиран им е проблемот со тесното грло на тој дел. Полициските службеници зачестено се наоѓаат на тој дел бидејќи претставува фрекфентна улица со цел да не се создава на ул. Коста Абраш тесно грло...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД ЈА ПРОДЛАБОЧУВА СОРАБОТКАТА СО ТУРСКИТЕ ОПШТИНИ ВО СФЕРАТА НА ТУРИЗМОТ

Post Views: 1 Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, во Истанбул, Република Турција, оствари средба со генералниот секретар на Унијата на Општини, Фахри Солак. На средбата се разговараше за продолжување на добрата соработка со Општина Охрид и продлабочување на соработката во туризмот. Се разменуваа мислења за организирање на промоција на Охрид во Република Турција. Разговарано беше и за размена на вработените од општинската администрација во делот на туризам со други туристички развиени општини од Република Турција. Исто така беа разменети искуства...

Continue reading

За Божик бесплатен паркинг во Охрид

Post Views: 6 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2022 (петок) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божик и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.  ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години “Христос се роди” – се вели во соопштението...

Continue reading

„Мобилност“ ќе добие апартмани во Охрид

Post Views: 1 Во пресрет на новата туристичката сезона членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет од „Мобилност“ ќе добијат десет реконструирани апартмани, што се наоѓаат во комплексот „Охридати“ во Охрид. Реконструкцијата, која опфаќа повеќе компоненти, ќе го подигне нивото на енергетската ефикасност на објектите преку промена на надворешната и внатрешната столарија, зголемена изолација, а ќе бидат извршени и зафати за внатрешно преуредување и осовременување на објектите. Активностите се одвиваат во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност...

Continue reading

Бесплатен Wi-Fi во Охрид и Струга

Post Views: 9 Стотина туристички локации низ државава ќе добијат бесплатно wi-fi во наредниот период. Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и вд директорот на ЈП Национална Радиодифузија, г-дин Ендре Кадриу  разговараа за детали од проектот со кој се предвидени 100 точки, најзначајни туристички локации да имаат пристап до интернет. Овој проект ќе се реализира врз основа на Националнот оперативен Бродбенд План – НОБП и опфаќа: – 100 туристички локации– прв чекор за реализација на проектот се граничните премини – Wi-Fi покриеност на Охрид и Струга– пристап...

Continue reading

СВР Охрид им подари цвеќе на жените учеснички во сообраќајот

Post Views: 17 СВР Охрид-отсек за превенција, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска со симболичен подарок-цвеќе, на жените учеснички во сообраќајот, им го честитаа 8-ми март, Меѓународниот ден на жената. Годинава, оваа активност се реализира и на подрачјето на Струга, Кичево и Дебар, а во рамките на едукативната кампања „Жените возат одговорно”. Полициските службеници, на жените учеснички во сообраќајот им подарија и миризливи автомобилски освежувачи, но и едукативни флаери, како потсетник...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за 8-ми март

Post Views: 19 ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до припадничките на понежниот пол по повод 8-ми март – Меѓународниот ден на жената. Вистинската смисла и коспомолитската цел на овој ден се жените да бидат рамноправен дел во функционирањето на системот каде што ќе владеат мирот и благосостојбата. На Охрид му требаат силни жени вклучени во секоја сфера, жени кои живеат храбро, препознаени и сакани во својата битка за посветла иднина на градот. Силни жени за успешен Охрид, за силна Македонија. Среќен 8-ми март! – се вели во честитката на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. А по повод...

Continue reading

Честитка за 8-ми март од ОО СДСМ Охрид

Post Views: 2 Честитка по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март од Општинската организација на СДСМ од Охрид. Во честитката се вели :  Драги наши охриѓани, 8 Март е симбол на нашата ВЕКОВНА СЕКОЈДНЕВНА борба за родова еднаквост. Родовата рамноправност е прикажана во најразлични форми и активности во нашето живеење и делување но да се потрудиме тоа да го видат и тие за кои сеуште таа останува невидлива и табу тема. Жената мајка, сопруга, баба, тетка, жената лекарка, професорка, директорка, пратеничка, жената работничка, земјоделка, домаќинка ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ЕДНАКВО ВРЕДНУВАНА...

Continue reading

Стартап Викенд во Охрид

Post Views: 11 Од 15-ти до 17-ти април ќе се одржи првото издание на Стартап Викенд Охрид во просториите на универзитетот „Св. Апостол Павле“. Стартап Викенд Охрид е настан наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот. По успешна реализација на 10 изданија на Стартап Викенд Скопје, тимот кој стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат првиот стартап викенд во Охрид со цел да се...

Continue reading

Свикана деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 12 Свикана деветтата седница на Советот на Општина Охрид на ден 15.03.2022 година (среда) со почеток во 11:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид. Д Н Е В Е Н   Р Е Д Усвојување на Записникот од 6-та седница Предлог-одлука за формирање Совет за заштита на потрошувачите. Предлог-одлука за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица. Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето...

Continue reading

Над 12 милиони денари за реализација на проекти на НУ „Завод и музеј“ Охрид

Post Views: 25 Министерството за култура годинава за реализација на проектите на Националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, издвои нешто повеќе од 12 милиони денари или за 4 милиони денари повеќе од 2021 година. Станува збор за средства кои во најголем дел ќе се искористат за реализација на проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство од програмата на НУ Завод и Музеј Охрид, објаснува директорот Мишко Тутковски. Тука пред се е започнувањето на работите на куќата на Момирови, лоцирана над античкиот тесатар и во сопственост на охридскиот Завод и музеј, за...

Continue reading

41 казна во Охрид за возачи кои ја пречекориле дозволената брзина

Post Views: 0 На 20.02.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид, регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16-надвор од населено место, 25-во населено место). Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (06- надвор од населено место, 36- во  населено место), во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (02-надвор од населено место, 14 -во населено место). Во Дебар 22 возачи, управувале моторно возило со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top