Ознака: Охрид

СВР Охрид започна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства“

Post Views: 2 СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, отпочна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства”. Вчера на плоштадот „Крушевска Република”, полициски службеници и активисти на Црвениот Крст од Охрид, делеа едукативни флаери за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и реализираа вежба со мерки кон лица повредени од петарди. Целта на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време...

Continue reading

Санкционирани 19 возачи во Охрид за престигнување на забранети места

Post Views: 1 На 17.12.2021 година, од 15 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид полициските службеници санкционирале 40 возачи кои извршиле престигнување на забранети и непрегледни места (Охрид-19, Струга-10, Кичево-03, Дебар-08). Санкционирани се и 10 возачи кои во Охрид, во и надвор од населено место, управувале возила со поголема брзина од дозволената – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св. Наум

Post Views: 12 На 17.12.2021 година во 13:50 часот на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај населбата Рача, патнички автомобил „Сузуки” со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(18) од Охрид, удрил во метален столб. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Н. (18), а со телесни повреди се здобиле возачот и вториот сопатник О.С. (18), двајцата од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид извршија полициски екипи – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Малолетник каснат од куче скитник во Охрид

Post Views: 8 На 17.12.2021 година околу 15 часот, Б.Н.(43) од Охрид во надлежната полициска станица пријави дека нејзиниот малолетен син, на улицата „Питу Гули” во Охрид бил каснат од куче скитник, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

9 прекршувања на Законот за пушење во два угостителски објекти во Охрид

Post Views: 11 На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење. По однос на констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Убава фотографија од Охрид во склоп на „Ти си твојот град“

Post Views: 14 Во склоп на проектот „Ти си твојот град“ до нашата редакција пристигна прекрасна фотографија од центарот на Охрид. Под фотографијата нашиот сограѓанин напиша „Александар Охридски“… Да потсетиме, сите оние лица кои испраќаат фотографии или видеа за „Ти си твојот град“ стануваат потенцијални добитници на подарок или ваучер од нашите пријатели. Сликај, сними, испрати на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.com или прати ни во порака на страниците на ТВМ Телевизија на фејсбук или инстаграм. Откако вашата фотографија ќе биде објавена со текст на нашиот веб-сајт, линкот...

Continue reading

Битолчанец фатен со хероин на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид

Post Views: 53 На 06.02.2022 во 14.55 часот во СВР Охрид приведен е Б.В. (23) од Битола. При преглед, извршен на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа алуминиумска фолија со остатоци од хероин. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Млади лица расфрлаат ѓубре на спортските игралишта низ Охрид

Post Views: 7 Спортско игралиште кое се наоѓа во областа на Билјанини извори е расфрлано со отпад од несовесни лица. Наша сограѓанка која го забележала ова, ни испрати фотографија и вели: -Деца секој ден тренираат преку ден, а навечер други деца оставаат ѓубре. Нема многу канти, но има две кои не се користат туку се расфрла ѓубрето насекаде. Има каде, но нема основна култура !

Continue reading

Професорот Марјан Радески добитник на признанието Просветен работник

Post Views: 1 Професорот Марјан Радески од Охрид, директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ е меѓу 4цата добитници на државното признание просветен работник за учебната 2019/2020 година. Покрај Радески, признанието го добија и професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка и педагогот Маринела Бошева од Скопје. Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска.  Честитајќи им на наставниците кои со својот труд, креативност, иновативност и посветеност кон децата вклучени во училишно и предучилишно образование оставиле посебен белег,...

Continue reading

48 нови случаи на заболени со COVID-19, нов случај во Охрид

Post Views: 9 Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови. Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани...

Continue reading

Санкционирани 39 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид

Post Views: 3 Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 39 возачи. Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а девет надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. А во Кичево пак, биле затекнати 22 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени...

Continue reading

Лекари од скопската Клиника на позајмица за Детското одделение во Општата болница Охрид

Post Views: 0 Недостигот на лекарски кадар на Одделението за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје. Тоа го најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на Законот за здравствена заштита што ќе овозможат лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата. Инаку, одделението за педијатрија во Охрид моментално работи со скратено работно време поради недостиг...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top