Aug 20, 2021

Тепачки и агресивно однесување во Охрид и Струга-СВР БИЛТЕН

На 19.08.2021 година во 22.15 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид, Љ.К.(63) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.08.2021 година во 15.00 часот, во семејниот дом на И.Д.(41) од Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со негово агресивно однесување кон членовите на неговото семејство и со оштетување на предмети во домот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.08.2021 година во ОВР Струга, приведен е М.Ч.(41) од Струга, кој претходно, околу 22 часот, на улицата „ЈНА” во Струга, го на…

Aug 20, 2021

ЗАПОЧНУВА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“

Од денеска до 22 август на повеќе локации во село Велестово и во Охрид ќе се одржи 33. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Свеченото отворање ќе биде вечерва со почеток во 21:00 часот во село Велестово, со настап на гитаристот Мартин Милески. За делото на Ристо Лазаров ќе беседи проф. Д-р Димитар Пандев, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Ивица Цонев. Водител на програмата ќе биде Марина Димовска. Специјални гости на настанот ќе бидат учениците на годинешната 54.  летна школа на Mеѓународниот семинар  за македонски јазик, литeратура и култура. Истата веч…

Aug 20, 2021

СЕ КОМПЛЕТИРА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „АБАС ЕМИН“

По интензивните и сложени градежни активности кои течеа последователно околу 13 месеци, денеска започна поставувањето на вториот асфлатен слој на коловозот на улицата „Абас Емин“, со што целосно се комплетира реконструкцијата на една од најважните сообраќајници во Охрид. Градоначалкот Константин Георгиески ги посети работните екипи кои беа ангажирани на терен и работеа на потегот од пресекот со улица „Охридска бригада“ до пресекот со улица „Железничка“. Охриѓани знаат дека со реализацијата на овој проект, успеавме да покажеме вистинска грижа за најприоритетните инфраструктурни потреби и д…

Aug 20, 2021

Со театарска претстава „На отворено море“ се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“

Вечерва во 21 часот на Антички Театар се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“, со претставата „На отворено море“. „На отворено море“ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера. Нушиќ никогаш не би напишал драма за млада, мажена жен…

Aug 20, 2021

Дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7. Ова значи дека наместо до 22 август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година. „Ги информираме сите заинтересирани дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за аплицирање за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Рокот за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од …

Aug 19, 2021

Кражба на дрва на планината Караорман

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва” и „пустошење на шуми”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Џ.Т.(48) од струшкото село Ново село, Р.Л.(31) од Струга, А.Р.(32) од селото Долно Татеши, против едно правно лице со седиште во Ново село., како и против албанските државјани А.З.(43), М.А.(43), К.Е.(29), М.П(35). При контрола извршена на 17.08.2021 година на планината Караорман, полициските службеници ги затекнале албанските државјани при нелегална сеча на буково огревно дрво кое, со коњи  го транспортирале до товарно возило, сопственост на прв…

Aug 19, 2021

Југословенскиот драмски театар вечерва на „Охридско лето“

Претпоследната вечер од годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за Југословенскиот драмски театар од Белград, Република Србија и тетарската претстава „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ. На сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе играат српските актерки Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ. Румена Бужаровска во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Румена, создавајќи ги ликовите на нејзините хероини, храбро, грубо и…

Aug 19, 2021

Во Охридската болница за прв пат е изведена лапараскопска операција на бубрег

Во охридската општа болница изведена е лапараскопска операција на бубрег. Опериран е пациент кај кого е рецесиран долниот дел на бубрегот од циста, информира урологот Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Лапараскопски зафат е изведен самостојно од анестезиологот Јован Недески и охридскиот тим уролози д-р Томчо Мостро, д-р Маргарита Симоноска под раководство на д-р Балевски. Се надевам дека ќе продолжиме во ова време на Ковид, тоа многу ни значи да ги работиме новите методи. Не се доближуваме до пациентот  помали се шансите за инфицирање , нема оперативни рани, преврски полесн…

Aug 19, 2021

Охриѓани и стружани со голем интерес за „Ти си твојот град“

34 граѓани во месец јули пријавија проблем на повикот на ТВМ во рамките на рубриката „Ти си твојот град“.  29 пријави се однесуваат на градот Охрид, а 5 се од соседна Струга. Проблеми пријавуваат лица од 30 до 60 години. Еднаков интерес има и од  мажи и жени, а најзастапена е старосната група од 30 до 45 години.  Најголемиот дел пријави се за проблеми од сообраќајната сфера дури 15, 11 се однесуваат на комунални проблеми, за инфраструктура и урбанизам имаше исто 11 пријави, а 10 пријави се за еколошки проблеми. Најмалку, односно по една пријава има од здравство и туризам. Граѓаните нај…


© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top