охридски јавни претпријатија

Пајак службата ја презема ЈП „Билјанини извори“

Охридската пајак служба ќе ја преземе Јавното претпријатие „Билјанини извори“, информира директорот Тео Андоноски.
 |  инфодеск  | 

Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“.

Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски Комуналец“ да се откаже од таа дејност и целосно ние да ја преземеме – истакна Андоноски.

За да се обавува оваа дејност потребно е да се има пајак возило, а ЈП „Билјанини извори“ допрва треба да го набави. Андоноски појаснува дека веќе побарале помош за да набават специјално  возило.

Имаме поднесено барање до Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје за донација на пајак возило. Очекуваме позитивен одговор и да почнеме да ја преземеме оваа дејност – вели Андоноски.

Се очекува со дејноста од оваа ставка да се овозможи прилив на средства кои што ќе придонесат за подобрување на ликвидноста на Јавното претпријатие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top