Мар 18, 2022
пласман на производи

Охридската цреша помеѓу исток и запад

Македонските земјоделци и овоштари се загрижени за извозот на годинешниот род. Стравуваат за пласманот на производите и пазарите каде ќе завршат нивните труд и мака по затворање на традиционалните пазари на Исток по воениот конфликт во Украина.Посебно се загрижени по воведувањето на меѓусебните санкции на нашата земја и Руската Федерација. Вообичаено, во овој период од годината, се договара пласманот на производите, а производителите се исправени пред голема неизвесност, напоменува охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Земјоделците и овоштарите упатуваат апел до Владата да издејствува плас…

Мар 17, 2022
бизнис вештини и креативност

Обука за млади менаџери

Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Граѓанската организација “Инклузија” Ве покануваат да присуствувате на обуката за млади менаџери.Преку оваа обука може да се стекнете со ново знаење и современи бизнис вештини кои ќе бидат од голема помош за вашиот постојан или вашиот иден бизнис, со цел поуспешна работа, поголем профит и опстојување на пазарот во време на економски кризи. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини на 6 теми од 6 предавачи. Сите учесници кои ќе присуствуваат на целиот серијал обуки, ќе се здобијат со сертификат – велат од ФТУ.Сите заин…

Мар 16, 2022
охридски јавни претпријатија

Пајак службата ја презема ЈП „Билјанини извори“

Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски Комуналец“ да се откаже од таа дејн…

Мар 18, 2022
реконструкција на улици

Се асфалтираше бул. „Македонски Просветители“

Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваа денеска. Се асфалтираше делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот. По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“.Инаку, согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“.

Мар 17, 2022
црвен крст охрид

Дарувањето крв спасува човечки животи

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја спроведува континуирано, посветено и совесно.Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.Честитајќи им го 17 март, Денот на крводар…

нуркач под вода
Мар 16, 2022
нуркачки клуб акватек

Подводна еко авантура со Никола Паскали

Подводна мартовска еко авантура низ камерата на Никола Паскали.Охридско Езеро плажа Сарајште, Стар Град. Температура на вода 7° / 8°С . Природата почнува да се буди. Повторно ќе се разбуди во отпад. Ја загадивме водата што ја пиеме, храната станува отровна, воздухот загаден – вели Никола Паскали од НК „Акватек“. Видеото може да го погледнете на следниот линкhttps://www.youtube.com/watch?v=xXEooHbSJ1k

Мар 18, 2022
пригодна свеченост

Патрон празник на ОУ „Живко Чинго“

Со пригодна свеченост, основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа патрониот празник.Пред присутните свое обраќање имаше Љубица Ангелоска Кркачоска, директор на училиштето. Таа на најуспешните ученици им додели награди.Богатата програма беше реализирана од страна на учениците на ова училиште, а на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

седница на совет
Мар 16, 2022
југозападен плански регион

Втора Седница на Советот

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на втората Седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион што денеска се одржа во Струга.На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои Разгледување на годишните сметки за работење на центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2021 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-прва фаза на спроведување“.На средбата се разгледуваше информацијата за Грантова шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза на спроведување“.Се дискутираше и за повик…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top