седница на совет на општина
Мар 16, 2022
седница на совет

Ќе се доделува еднократна парична помош

Охридските советници на вчерашната Седница ја усвоија и Предлог одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица. Со оваа одлука, односно согласно усвоениот буџет, парична и друга помош кон физичките лица ќе се доделува за следната намена: -еднократна помош за лекување; -еднократна помош за елементарни непогоди (пожари, поплави) -еднократна помош за новороденчиња -социјални пакети во прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена. Средствата предвидени во буџетот на годишно ниво за еднократна парична помош на…

маркица општина охрид
Мар 16, 2022
образование

Нови директори на две основни училишта

Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ОУ „Св. Наум Охридски“  – Пештани именуван е Илија Стојаноски. Тој доаѓа од редот на вработените. За В.Д. директор во ОУ „Кочо Рацин“ именувана е Славица Котеска. Славица доаѓа од редот на вработените. Градоначалникот Кирил Пецаков, на досегашните директори на основните училишта „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Кочо Рацин“, Зоран Целески и Соња Спасеска им се заблагодарува за придонесот и соработката.

Мар 7, 2022
поскапување на нафтените деривати

Огромен скок на цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво. Ова се новите цени: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстр…

Мар 18, 2022
партерно уредување

Се уредуваат јавните површини низ Охрид

По налог на Општина Охрид, екипи на охридските јавни претпријатија деновиве работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина. Во село Пештани се уредува и поплочува пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Изведувач на градежните активности е фирмата „Кими-Ибра“ од Кичево. Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“. Екипи на ЈП „Водовод“ пак, работат на поставување нова водоводна линија на ул. „Григор Прличев“ во Стариот дел на градот. Акт…

Мар 16, 2022
образование

Наставници по ФЗО за 4-то и 5-то одделение

Со цел овозможување на правилен раст и развој на учениците од четврто и петто одделение, Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по физичко и здравствено образование. Тие како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение. Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишен спорт – Охрид, ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две генерации да бидат опфатени и часов…

Емшири 2022 Велгошти
Мар 7, 2022
Маскенбал Велгошти

Mаскенбал „Емшири 2022“ Велгошти

Денеска на големиот празник Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на традиционалниот маскенбал во Велгошти ,,Емшири 2022”. На дечињата им доделивме симболични пакетчиња обезбедени од Месната Заедница со поддршка од Општина Охрид. Децата ги покажаа своите интересни кореографии со кои симболично повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство – напиша Пецаков на фејсбук. Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот „Емшири 2022“ можеа да се видат голем број креативно изработени маски. Овој ден е посебен за Велгоштани, …

Мар 18, 2022
конрад аденауер

Средба на Пецаков со германска фондација

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со официјалниот претставник на германската фондација „Конрад-Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија, Давор Пашоски. Целта на средбата беше запознавање на германската делегација со тековните и планирани проекти на Локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува. Заеднички беше заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските вредности, зaедништво и соли…

Мар 16, 2022
препорака за намалување на трошоци

Владата го „стега“ каишот на јавниот сектор

Владата усвои таргетирани мерки и препораки за намалување на трошоците во јавниот сектор. Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од држав…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top