Мар 15, 2022
свр охрид

Пиштол пронајден кај охриѓанец

На 15.03.2022 во 12.25 часот на улицата „Партизански одреди” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг” калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Мар 18, 2022
совет на општина охрид

Центар за деца со церебрална парализа

Охрид добива Дневен центар за децата со церебрална парализа. Градските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за доделување на простор за формирање на ваков центар. Просториите се во поранешната касарна во Охрид. Конечно децата со церебрална парализа ќе добијат катче за социјализација, анимација и дружба, бидејќи во недостиг на ваков центар, тие со години живеат во изолација. Охрид покажа дека има волја, има слух, има желба. Ова е еден многу убав гест кој што општината го прави кон овие деца и семејства и покажува дека Охрид сака да им помогне на овие лица. Да ги издигне и да ги …

Мар 15, 2022
седница на совет

Охридските јавни претпријатија пред колапс

Јавните претпријатија и Локалната самоуправа тонат во финансиски загуби. Тие се соочуваат со тешкотии за исплата на тековни трошоци и за исплата на плати за вработените како резултат на работата на претходните раководства и на превработеност. Енергетската криза, ценовните шокови со енергенсите и новата минимална плата само ќе ја влошат состојбата на претпријатијата. Сашо Донев, претседателот на Советот, упати критика на сметка на Владата затоа што во последниот пакет антикризни мерки нема помош за општините. Сега со минималната плата и со новата цена на електричната енергија јавните претпр…

Мар 15, 2022
свр охрид

Контроли врз автобуси за јавен превоз

При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град. Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

градежен шут мини депонија
Мар 4, 2022
Екологија

„Ти си твојот град“ лоцира диви депонии

Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица Втора. Сето ова зборува за иск…

Мар 15, 2022
нарушен јавниот ред

Тепачка помеѓу охриѓанки на ул. „Железничка“

На 14.03.2022 година околу 09.30 часот пред деловен објект лоциран на булевар „Железничка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир, при што Е.В.(34) физички ја нападнала И.Н.(31), двете од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Мар 15, 2022
временска прогноза

Во Охрид денес сончево време

Во Охрид денес по студеното утро, во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со измерени максимални 10. Во текот на ноќта вторник кон среда умерено облачно и потопло време со пораст на ноќните температури. Во Охрид во среда умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Минималната температура од 1 степен, додека пак дневната ќе достигне до 12 степени. Во четврток и петок умерено облачно време со услови за сосема слаб и локален дожд. Минималната температура од 1 односно -2 степени, додека пак дневната до 10 односно до 9 степени. Во…

Мар 15, 2022
парк на природата

Предлог одлука за Белчишко блато

Се донесе предлог одлука, Студенчишко блато да се прогласи за Парк на природата. Оваа одлука, Советот на Општина Дебрца ја носи врз основа на Студијата за валоризација на Белчишкото Блато, со што и официјално се иницира постапката за добивање на заштитен статус, согласно националното законодавство. Одлуката и Студијата ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top