Jan 20, 2022

Откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска биле откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија. Контролите се извршени во рамки на оперативната акција „Дозвола“, а неисправните возила се исклучени од сообраќај. Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје. Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред з…

Jan 20, 2022

Инстаграм почна со тестирање за претплата на профили

Инстаграм почнува да тестира нова опција која на најпопуларните корисници, односно креаторите на оваа мрежа треба да им обезбеди дополнителна заработка. Мал број инфлуенсери сега ќе почнат да воведуваат претплата за пристап до дополнителна содржина што ја објавуваат на таа мрежа. Нивните следбеници кои сакаат да имаат пристап до оваа содржина ќе треба да платат помеѓу 0,99 и 9,99 долари (во зависност од тоа која сума ќе ја изберат сопствениците на профилот), а на почетокот целата сума ќе оди во џебот на инфлуенсерот, иако не е тешко да се претпостави дека „Мета“ со текот на времето ќе по…

Jan 20, 2022

Бектеши : Минималната плата ќе се зголеми на 18 илјади денари

Минималната плата ќе се зголеми минимум на 18 илјади денари во вториот квартал на 2022 година. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Бирото за метрологија. Инаку претходно, Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека на 24-ти јануари ќе одржи средба со Владата и на неа ќе се разговара за барањата на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, утврдување на правото на регрес во јавниот сектор и за примената на законските одредби со кои недела е п…

Jan 20, 2022

Продолжните кабли се почеста причина за пожар

Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале приближно ист број интервенции на пожари споредено со истиот период од минатата година. Изгаснале 21 пожар во првите дваесет дена, од кои единаесет биле на опожарени оџаци, а во десет наврати реализирале технички интервенции, информира Борко Јанкулоски, командир на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Покрај неичистените оџаци, потенцијална опасност за пожар се почесто стануваат продолжните кабли со несоодветна јачина, предупредуваат пожарникарите. Во зимскиот период најчести причини за појава на пожари се димни…

Jan 20, 2022

Во Бугарија од денеска со задолжителен негативен ПЦР

На сите државјани на Македонија од денеска им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира Министерството за надворешни работи. Од МНР нагласуваат дека по интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епи…

Jan 20, 2022

Пораст на цените во хотелско-угостителскиот сектор

Ќе растат цените на хотелските и угостителските услуги. Со трендот на пораст на цените на сите производи и зголемените трошоци, хотелската асоцијација најавува пораст на цените на хотелските аранжмани и храната и пијалоците во локалите за 20-тина %. Туристичките работници велат цените со години биле непроменети, но притисокот од порастот на трошоците е неизбежен. Зголемена е и цената на аранжманите во новите потпишани договори со странските тур оператори за идната година. Цените кои ги даваме во хотелската индустрија со оглед на репроматеријалите кои ги добиваме како струја, прехрана, п…

Jan 20, 2022

м-р Милчо Јованоски нов директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа. Министерот за култура врз основа на предлогот на Комисијата оцени дека Јованоски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор а доставената Програма за работа и развој на устан…

Jan 20, 2022

Мајкрософт ја откупува компанијата автор на Call of Duty за 68,7 милијарди долари

Microsoft објави дека ја купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари. Трансакцијата, пишува Ројтерс, била извршена одеднаш. Ова е огромна и изненадувачка вест што може драстично да влијае на иднината на растечката индустрија на видео игри. Activision е познат по серијата Call of Duty, но и по многу други популарни наслови. Покрај Call of Duty, Activision Blizzard ги има следните наслови: Warcraft, World of Warcraft, Diablo, Crash Bandicoot, StarCraft, Tony Hawk, Overwatch, Candy Crush, Guitar Hero, Spyro. Тоа е најголемата аквизиција во историјата на индустријата за игри. Сè у…

Jan 20, 2022

Син на српска политичарка пронајден мртов во Белград

Ј.И.(25), син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ, утрово е пронајден мртов во Белград. Според првите информации тој бил пронајден на тротоарот пред зградата во која живеел во центарот на Белград, пишува српски Курир. Ј.И. студирал на Факултетот за филозофија.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top