„Убавините на Охрид“

Post Views: 44 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, граѓаните на Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, секојдневно пријавуваат проблеми во нивната општина. Од најновите слики кои ни пристигнаа може да видиме уште една лоша слика за нашиот убав град.  Дали нашиот град го заслужува ова?! На Сирма Војвода, во кругот на Општа Болница Охрид – напиша наш сограѓанин за „Ти си твојот град“.

Continue reading

Комбе блокираше улица

Post Views: 31 Револтирани граѓани од Стариот дел на Охрид, ни испратија слики во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ со коментар: Еве како стружани паркираат во Охрид. Битно мајсторите да си ја завршат својата работа, а охриѓани како да си влезат дома? Погледнете ги сликите во продолжение !

Continue reading

Никна дива депонија и во Кошишта

Post Views: 22 Никна дива депонија и во населбата Кошишта во Охрид. Денес ни пристигнаа слики во рубриката „Ти си твојот град“ од Антонио Кречов, а ова е неговиот коментар: Дива депонија во Кошишта. Непосредно покрај асфалтниот пат од десната страна, движејќи се од Горна порта кон Грашница – вели Кречов за „Ти си твојот град“. депонија кошишта deponija_kosista Расчистена уште една дива депонија

Continue reading

Дали Охрид ја заслужува ваквата слика?!

Post Views: 25 Дали вака треба да изгледа центарот на најголемиот туристички бисер во земјава? – прашуваат револтирани граѓани на Охрид кои секојдневно се соочуваат со проблеми на нивната улица. Станува збор за уличка која се наоѓа позади Општина Охрид, во центарот на градот. Ова е нивниот коментар:На само 300 метри од општинската зграда се наоѓа т.н. „улица“ која никој од властите изминатите години не чувствува потреба да ја асфалтира. Изминативе години на таа т.н. улица веќе се изградени згради чии станари секојдневно дома си одат по чакал и кал. Оваа улица е и паркинг за...

Continue reading

ѓубре во стариот дел на охрид

Депонија во Стариот дел на Охрид

Post Views: 16 Еден куп ѓубре, секојдневно се наталожува од несовесен граѓанин кој живее во Стариот дел на градот. Сликите до рубриката „Ти си твојот град“ ни ги испрати Мариа Бошале, а ова е нејзиниот коментар: Наталожено ѓубре среде Стариот дел од Охрид, каде го гледаат многубројни туристи кои нон стоп го снимаат. Човеков зема социјална помош, зема храна за загрозени жители од Охрид и покрај тоа што е здрав и прав, а не врши никаква општо корисна работа. Барем да си го собира ѓубрето и да го носи во контејнер. Од локацијата се шири непријатен мирис, а се наоѓа на агол од две улици...

Continue reading

депонија над антички театар

Депонија над Антички театар

Post Views: 3 Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа депонија лоцирана веднаш над Античкиот Театар во Охрид.Секоја година на овој потег во пролетните и летни месеци, местото станува депонија (секако, тука е виновно и локалното население). Тоа не се забележува бидејќи просторот е покриен со “мала џунгла” од високо зеленило и грмушки, но во овој период е доста видливо – вели Филип Жура. Доколку сега би се откорнале или скастриле диво пораснатите растенија, верувам дека во иднина овој простор ќе биде оплеменет и нема да биде прибежиште...

Continue reading

Прошетка крај Охридското езеро

Post Views: 10Прошетката покрај брегот на нашето убаво Охридско езеро, охриѓанката Елена Шешова ја искористила да направи неколку фотографии кои ги испрати до рубриката „Ти си твојот град“. ОХРИДСКО ЕЗЕРО-УБАВИНА КОЈА НЕ СЕ ОПИШУВА СО ЗБОРОВИУбавината на нашето езеро кое важи за најстаро природно езеро во Европа, не се опишува со зборови, тоа само се доживува. Затоа сите кои имате можност да го посетите, уживајте во секој поминат миг покрај него.Да потсетиме, сите вие кои испраќате слики до рубриката „Ти си твојот град“, станувате добитници на вредносен...

Continue reading

ТЦ „Амам“ Охрид, СРАМОТА!

Post Views: 35 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа расфрлан отпад од несовесни лица во Трговскиот центар „Амам“ во Охрид. Мустафа, кој ни ги испрати сликите кратко и јасно напиша : ТЦ Амам Охрид, СРАМОТА !!! Погледнете ги сликите…

Continue reading

„Две години од реновирањето на Кејот“, реагираат граѓани

Post Views: 6 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ телевизија, ни пристигна слика од Ѓорги Несторов. На сликата се гледа дел од Градскиот кеј, а на истата стои опис “ДВЕ ГОДИНИ ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА КЕЈОТ“. Ова е неговиот коментар : Мислам дека поминаа година и пол до две откако се ставени тарабите за почеток на реновирање на овој дел од кејот, со што е скратена ширината на шеталиштето. Пред скалите или се извадени или украдени 2-3м бехатон плочки, што е опасно за пешаците поготово за постари лица. Добро би било да се тргнат и да се врати во првобитна...

Continue reading

Манастирскиот комплекс Св. Наум во зимски амбиент

Post Views: 15 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа прекрасни фотографии од манастирскиот комплекс Св. Наум. Фотографиите ги испрати Ивана Христовска која вели дека откако го видела билбордот на ТиСиТвојотГрад во Охрид, одлучила да направи убави слики од Св. Наум и нашиот прекрасен Охрид.Денес ќе имате можност да уживате во фотографии направени во околината на Св. Наум, а деновиве ќе ви ги претставиме и останатите фотографии од Ивана Христовска.Сите Вие, кои што сакате да учествувате во „Ти си твојот град“, Вашите слики испратете ги на нашата меил адреса tisitvojotgrad@tvm.mk ....

Continue reading

Камиони го оштетуваат новиот асфалт

Post Views: 6 Слика во коментар на социјалните мрежи ни испрати Марјан Ѓузелоски кој реагира на нова база за песок сместена на улицата 15-ти корпус во Охрид. Ова е неговиот коментар : Нова база за песок, шљунак и камен на ул. 15-ти корпус каде со камионите за транспорт и машините за утовар го оштетуваат и валкаат новиот асфалт на улицата која е пуштена во употреба пред 3 месеци – вели Ѓузелоски за „Ти си твојот град“.

Continue reading

Пештани во вечерните часови

Post Views: 13 Мануела Гигоска во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати прекрасни слики од селото Пештани, кои се направени во вечерните часови. Пештани е доста атрактивно туристичко место, а покрај домашните гости, голем е бројот на посетители од странство кои доаѓаат да уживаат во убавините со кои изобилува овој дел од Охридскиот регион. 

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top