(ФОТО) Погледнете ја убавината на Трпејца

Post Views: 21 Освен прекрасната чиста вода и живописната природа, во ова место има многу повеќе. Кети Ангелоска ни испрати слики од ова атрактивно место за рубриката „Ти си твојот град“, а заедно со нив остави и коментар : –На сликите е прикажана и пештерската црква св. Никола, до која се доаѓа само од езерска страна, како и познатиот манастир Св. Богородица Заумска – Заум, до кој исто така се пристигнува само со чамец. Недопрените приватни плажи меѓу Трпејца и Заум, како и смарагдната боја на езерото во овој дел, само го надополнуваат прекрасното доживување и се рај...

Continue reading

Охридска убавина

Post Views: 9 Златица Размоска ни испрати слики од Охрид и Охридското езеро во склоп на „Ти си твојот град“. Петок е убав ден за прошетка по Охридското крајбрежје, затоа не се двоумете, прошетајте, уживајте во убавините на Охрид и наполнете се со позитивна енергија.    

Continue reading

улица охридати

Граѓани бараат да се обнови крак кај Охридати

Post Views: 9 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Игор, кој ни ја опишува моменталната состојба на уличка која се наоѓа кај „Охридати“. Станува збор за крак од ул. „Партизанска“ кој води од ресторанот Орфеј накај хотел Милениум Палас и Кејот. Ова е неговиот коментар кој стоеше под сликите кои ни ги испрати: Во тек е изградба на ограда околу Средното угостителско училиште и тоа е за поздрав. Во прилог ви доставувам слики како беше претходно запуштено со трња и како е сега со тековните активности.  Во врска со тоа сакам да апелирам...

Continue reading

Плажата до Куба Либре оставена со отпад

Post Views: 4 Наш сограѓанин ни испрати слика од плажата во непосредна близина на Куба Либре, а ова е неговиот коментар. –Откако нема концесионери на плажите, никој не се грижи за чистотата.

Continue reading

Жители се жалат дека ул. Марко Цепенков стана паркинг простор

Post Views: 7 Улицата Марко Цепенков која се наоѓа во населбата Видобишта стана паркинг простор, реагираат жителите. Тие преку рубриката „Ти си твојот град“ бараат одговор од надлежните во врска со нивниот проблем. Ова е нивниот коментар. -Ме интересира дали можете да дојдете до информација во врска со улицата „Марко Цепенков” во месноста Видобишта, дали истата откако беше реконструирана дел од неа беше предвиден за паркинг простор или можеби да проверите дали надлежноста на сообраќајната полиција од Охрид не се протега до Видобишта, можеби СВР Охрид нема надлежност надвор од...

Continue reading

Градежен шут и кабаст отпад на патот за Коњско

Post Views: 4 На патот за Горно Коњско нашите читатели забележаа градежен шут и кабаст отпад. Сликите веднаш ни ги испратија за рубриката „Ти си твојот град“ со коментар: –Лоша појава, кабаст отпад и градежен шут на патот за Горно Коњско. 

Continue reading

Жители на ул. Кленоец се жалат на загадување од бетонска база

Post Views: 18 На загадување од бетонска база во Охрид се жалат жители на улицата Кленоец. Ни испратија слики со коментар: -Бетон база Охрид, градежен шут и загадување на градот преку неисправни силоси за цименто затворени со крпи кај пукнатините. Загадување за кое Општината молчи.      

Continue reading

„Болнички комплекс“ со години во лоша состојба

Post Views: 9 Секојдневно во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваат слики од револтирани граѓани кои бараат решение за нивните проблеми. Најнови се денешните слики од околината на Болничкиот комплекс. Во продолжение прочитајте го коментарот на жител од оваа населба. –Сликите кои Ви ги испраќам во прилог, иако не изгледа така, се од еден урбан дел од градот. Барем така би требало да биде. Тоа е т.н. населба “Болнички комплекс” , односно комплекс од десетина згради и три-четири индивидуални куќи кој се протега од задниот дел (северно) од болницата, до улица “Момчило Јорданоски”....

Continue reading

Нефункционална атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски

Post Views: 6 Наши сограѓани за рубриката „Ти си твојот град“ велат дека овој проблем со нефункционалноста на атмосферската канализација трае долги години. Апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи ова е навистина лоша слика за туристите кои го посетуваат овој дел од градот, а ги има во голем број. Еве го нивниот коментар: –Затната повеќе години атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски. Иако сме во екот на туристичката сезона, а овој дел на градот е преполн со туристи, надлежните јавни претпријатија сеуште не преземаат ништо за да го решат проблемот. После...

Continue reading

Охрид е вистински рај на земјата

Post Views: 27 Нашиот бисер Охрид е секогаш убав, но посебен е во лето. Убавините со кои изобилува Балканскиот Ерусалим се рај за очите, а спокој за душата. Повторно ни пристигнаа слики од Охрид во склоп на „Ти си твојот град“, овој пат со следниот коментар: –Пристаништето, фамилија лебеди и прекрасно зајдисонце над Охридското езеро. За да се долови убавината на нашиот бисер, неколку слики се премалку. Охрид вреди да се посети и види. Охрид е вистински рај на Земјата! 

Continue reading

Раскопана и во лоша состојба ул. Ванчо Питошески

Post Views: 9 Покрај убавите и позитивни страни на Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, преку „Ти си твојот град“ граѓаните го покажуваат и она што им пречи во нивните населени места. Наш сограѓанин ни испрати слики од кои се гледа лошата состојба кај улицата Ванчо Питошески. Еве го неговиот коментар: -На пресек улица Мирче Ацев и Ванчо Питошески, плус од пресекот цела улица Ванчо Питошески ископана едно месец дена, сега дел покриена со земја, а прашина, кал и земја по улица и пред дворовите. Дојдете сликајте, снимајте и објавете. Ако треба и ние ќе излеземе и ќе кажеме, а има што да...

Continue reading

Закрпени дупките на „Богомилска“

Post Views: 15 По добиените слики од наш сограѓанин во рубриката „Ти си твојот град” информативната редакција на ТВМ ги контактираше надлежните служби за решавање на овој проблем. Ни беше посочено дека фирмата која е задолжена за санирање на улиците е од Мала Речица и затоа доцнат со обврските. Денес, наш гледач ни испрати слики дека дупките на улицата „Богомилска” се асфалтирани.  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top