Автор: инфодеск

Библиотека

Творештвото на Јовановска, портрет и промоција

Post Views: 31 Поетско – литературна средба со творештвото на авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.Попрецизно, во Охрид во Прличевата одаја промоторите – поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ , „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска, потенцираат од Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание...

Continue reading

Земјоделски штети

Продолжен рокот за пријава на штети во Дебрца

Post Views: 18 Општина Дебрца известува дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината на ден 28.05.2022, наместо 14.06.2022 година ќе биде продолжен до, заклучно со 17.06.2022 (петок) .Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.Покрај барањето секој барател треба да достави:копие од лична карта со изјава...

Continue reading

„Убавините на Охрид“

Post Views: 14 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, граѓаните на Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, секојдневно пријавуваат проблеми во нивната општина. Од најновите слики кои ни пристигнаа може да видиме уште една лоша слика за нашиот убав град.  Дали нашиот град го заслужува ова?! На Сирма Војвода, во кругот на Општа Болница Охрид – напиша наш сограѓанин за „Ти си твојот град“.

Continue reading

Комбе блокираше улица

Post Views: 22 Револтирани граѓани од Стариот дел на Охрид, ни испратија слики во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ со коментар: Еве како стружани паркираат во Охрид. Битно мајсторите да си ја завршат својата работа, а охриѓани како да си влезат дома? Погледнете ги сликите во продолжение !

Continue reading

Обука за млади менаџери

Post Views: 17 Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Граѓанската организација “Инклузија” Ве покануваат да присуствувате на обуката за млади менаџери.Преку оваа обука може да се стекнете со ново знаење и современи бизнис вештини кои ќе бидат од голема помош за вашиот постојан или вашиот иден бизнис, со цел поуспешна работа, поголем профит и опстојување на пазарот во време на економски кризи. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини на 6 теми од 6 предавачи. Сите учесници кои ќе присуствуваат на целиот серијал обуки, ќе се здобијат...

Continue reading

Пајак службата ја презема ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 16 Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски Комуналец“...

Continue reading

Никна дива депонија и во Кошишта

Post Views: 10 Никна дива депонија и во населбата Кошишта во Охрид. Денес ни пристигнаа слики во рубриката „Ти си твојот град“ од Антонио Кречов, а ова е неговиот коментар: Дива депонија во Кошишта. Непосредно покрај асфалтниот пат од десната страна, движејќи се од Горна порта кон Грашница – вели Кречов за „Ти си твојот град“. депонија кошишта deponija_kosista Расчистена уште една дива депонија

Continue reading

Се асфалтираше бул. „Македонски Просветители“

Post Views: 6 Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваа денеска. Се асфалтираше делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот.  По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“.Инаку, согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. Изведувач на градежните зафати е...

Continue reading

Дали Охрид ја заслужува ваквата слика?!

Post Views: 16 Дали вака треба да изгледа центарот на најголемиот туристички бисер во земјава? – прашуваат револтирани граѓани на Охрид кои секојдневно се соочуваат со проблеми на нивната улица. Станува збор за уличка која се наоѓа позади Општина Охрид, во центарот на градот. Ова е нивниот коментар:На само 300 метри од општинската зграда се наоѓа т.н. „улица“ која никој од властите изминатите години не чувствува потреба да ја асфалтира. Изминативе години на таа т.н. улица веќе се изградени згради чии станари секојдневно дома си одат по чакал и кал. Оваа улица е и паркинг...

Continue reading

Дарувањето крв спасува човечки животи

Post Views: 15 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја спроведува континуирано, посветено и совесно. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.Честитајќи...

Continue reading

нуркач под вода

Подводна еко авантура со Никола Паскали

Post Views: 0 Подводна мартовска еко авантура низ камерата на Никола Паскали.Охридско Езеро плажа Сарајште, Стар Град. Температура на вода 7° / 8°С . Природата почнува да се буди. Повторно ќе се разбуди во отпад. Ја загадивме водата што ја пиеме, храната станува отровна, воздухот загаден – вели Никола Паскали од НК „Акватек“. Видеото може да го погледнете на следниот линк

Continue reading

ѓубре во стариот дел на охрид

Депонија во Стариот дел на Охрид

Post Views: 4 Еден куп ѓубре, секојдневно се наталожува од несовесен граѓанин кој живее во Стариот дел на градот. Сликите до рубриката „Ти си твојот град“ ни ги испрати Мариа Бошале, а ова е нејзиниот коментар: Наталожено ѓубре среде Стариот дел од Охрид, каде го гледаат многубројни туристи кои нон стоп го снимаат. Човеков зема социјална помош, зема храна за загрозени жители од Охрид и покрај тоа што е здрав и прав, а не врши никаква општо корисна работа. Барем да си го собира ѓубрето и да го носи во контејнер. Од локацијата се шири непријатен мирис, а се наоѓа на агол од две...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top