Автор: инфодеск

foodball player

Мбапе замина за Мадрид

Post Views: 18 Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе замина за Мадрид заедно со останатиот тим на ПСЖ, каде утре ќе се игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Натпреварот против Реал Мадрид ќе се игра утре на „Сантиаго Бернабеу“, а Мбапе беше под знак прашалник поради повреда. Французинот предвреме го заврши вчерашниот тренинг поради остар старт на Гаје и имаше повреда на глуждот. Постоеше опасност Мбапе да не може да игра против Реал, но според последните информации, тој најверојатно ќе биде во стартниот состав утре. Со тимот на ПСЖ отпатува и Серхио Рамос,...

Continue reading

Патрон празник на ОУ „Живко Чинго“

Post Views: 19 Со пригодна свеченост, основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа патрониот празник. Пред присутните свое обраќање имаше Љубица Ангелоска Кркачоска, директор на училиштето. Таа на најуспешните ученици им додели награди. Богатата програма беше реализирана од страна на учениците на ова училиште, а на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Continue reading

Втора Седница на Советот

Post Views: 3 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на втората Седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион што денеска се одржа во Струга. На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои Разгледување на годишните сметки за работење на центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2021 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-прва фаза на спроведување“. На средбата се разгледуваше информацијата за Грантова шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза на спроведување“. Се дискутираше...

Continue reading

нивелирање на шахти

ЈП „Нискоградба“ со низа активности

Post Views: 1 Екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ и денес со низа активности низ Охрид. Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување во рамките на своите активности врши проверка и чистење на шахтите на потег од Стара чаршија до Мал плоштад кај „Стопанска банка“ Битола. Додека пак, одделението за градежно одржување во рамки на своите активности, врши нивелирање и подигнување на шахти на ул. 15-ти корпус кај кружниот тек. Возете внимателно ! – апелираат од ЈП „Нискоградба“.

Continue reading

муниција за сигнален пиштол

Пронајдени 100 куршуми кај лице од Дебар

Post Views: 26 На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген” со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

депонија над антички театар

Депонија над Антички театар

Post Views: 3 Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа депонија лоцирана веднаш над Античкиот Театар во Охрид. Секоја година на овој потег во пролетните и летни месеци, местото станува депонија (секако, тука е виновно и локалното население). Тоа не се забележува бидејќи просторот е покриен со “мала џунгла” од високо зеленило и грмушки, но во овој период е доста видливо – вели Филип Жура.   Доколку сега би се откорнале или скастриле диво пораснатите растенија, верувам дека во иднина овој простор ќе биде оплеменет и нема да биде прибежиште...

Continue reading

Стружанец дивеел пред локал

Post Views: 8 На 06.03.2022 година во 23.50 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување извршено од И.М.(33) од Струга. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Да се стават во функција семафорите во Охрид

Post Views: 11 Советниците бараат од Локалната самоуправа да изнајде сообраќајно решение на две раскрсници во Охрид. Семафори има само кај раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец, како и раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски. Иако ги има, тие не функционираат. Сообраќајот на овие делови од градот е доста прометен, особено на ул. Питу Гули, бидејќи е со предност на минување. Со оглед на тоа што во непосредна близина на оваа раскрсница се наоѓа ОУ ,,Христо Узунов”, вака без сигнализација загрозена е и безбедноста на учениците, како и на другите пешаци. Во овој...

Continue reading

седница на совет на општина

Ќе се доделува еднократна парична помош

Post Views: 13 Охридските советници на вчерашната Седница ја усвоија и Предлог одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица. Со оваа одлука, односно согласно усвоениот буџет, парична и друга помош кон физичките лица ќе се доделува за следната намена: -еднократна помош за лекување; -еднократна помош за елементарни непогоди (пожари, поплави) -еднократна помош за новороденчиња -социјални пакети во прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена. Средствата предвидени во буџетот на годишно ниво за еднократна...

Continue reading

маркица општина охрид

Нови директори на две основни училишта

Post Views: 6 Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ОУ „Св. Наум Охридски“  – Пештани именуван е Илија Стојаноски. Тој доаѓа од редот на вработените. За В.Д. директор во ОУ „Кочо Рацин“ именувана е Славица Котеска. Славица доаѓа од редот на вработените. Градоначалникот Кирил Пецаков, на досегашните директори на основните училишта „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Кочо Рацин“, Зоран Целески и Соња Спасеска им се заблагодарува за придонесот и соработката.

Continue reading

Лажна дојава за бомба на летот Белград-Москва

Post Views: 7 Дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што летал на релација Белград-Москва и овојпат била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што соопшти МВР на 14 март во вечерните часови, ова било констатирано со контрадиверзивен увид на леталото, а полицијата работи на откривање и гонење на лицето кое испратило лажна пријава до аеродромот Никола Тесла преку е- пошта. Се додава дека во контрадиверзионата проверка на авион и безбедното евакуирање на патниците, учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ),...

Continue reading

Огромен скок на цената на горивата

Post Views: 1 Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво. Ова се новите цени: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар) – Масло...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top