Паника на аеродром

Лажна дојава за бомба на летот Белград-Москва

Дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што летал на релација Белград-Москва и овојпат била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

 |  инфодеск  | 

Дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што летал на релација Белград-Москва и овојпат била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што соопшти МВР на 14 март во вечерните часови, ова било констатирано со контрадиверзивен увид на леталото, а полицијата работи на откривање и гонење на лицето кое испратило лажна пријава до аеродромот Никола Тесла преку е- пошта.

Се додава дека во контрадиверзионата проверка на авион и безбедното евакуирање на патниците, учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), четата за антидиверзивна заштита, специјалната полициска единица на белградската полициска бригада, граничната, сообраќајната и локалната полиција.

Полицијата претходно ги евакуираше патниците од авионот што летал на релација Белград-Москва, кој се вратил во Белград на 14 март поради нова пријава дека во леталото била поставена експлозивна направа.

Во соопштението на МВР се наведува дека набргу по полетувањето на авионот на националната авиокомпанија „Ер Србија“ за Москва, белградскиот аеродром ја известил полицијата дека добила електронска пошта во која се известува дека била поставена експлозивна направа на авионот.

Во согласност со процедурите, наредено е враќање на авионот на белградскиот аеродром. Веднаш по слетувањето, патниците се безбедно евакуирани, а во тек е контрадиверзивен преглед на авионот – соопшти МВР.

Експлозивна направа на летот Белград-Москва била пријавена и во петокот на 11 март, но било утврдено дека дојавата е лажна. МВР тогаш соопшти дека полицијата „работи на идентификување и гонење на лицето кое испратило лажна пријава на електронската пошта на белградскиот аеродром.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top