Преговори за примирје

Четврта рунда руско-украински преговори

Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак.

 |  инфодеск  | 

Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции.

Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија во понеделник ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина – изјави Подољак, а пренесуваат британските медиуми.

Украинската позиција останува непроменета во инсистирањето на прекин на огнот пред да се случат разговори за идните односи, рече тој во објавата на социјалните мрежи и видеото што го придружуваше.

Преговори. 4-ти круг. За мир, прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции. Тешка дискусија – напиша Подољак, додавајќи дека верува дека Русија „сеуште е во заблуда дека 19-дневното насилство врз украинските мирни градови е правилна стратегија“. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top