Руско- украинска војна

Гранатирани две станбени згради во Киев

Денеска, на 20-тиот ден од војната во Украина, утринава продолжи руското гранатирање на Киев. Две згради во станбени области на Киев се погодени во одвоени напади, соопштија украинските служби за итни случаи.

 |  инфодеск  | 
Киев експлозии

Денеска, на 20-тиот ден од војната во Украина, утринава продолжи руското гранатирање на Киев. Две згради во станбени области на Киев се погодени во одвоени напади, соопштија украинските служби за итни случаи.

Приватна куќа во Осокорски, област источно од центарот на градот е погодена од гранатирање утрово непосредно пред 6 часот по локално време. Во двокатницата избувнал пожар, но набрзо бил изгаснат.

Набргу по ова гранатирање, погодена е десеткатница во Подил северно од центарот на градот, при што пожар зафатил пет ката од зградата.

Во меѓувреме, градската управа на Киев состави список на згради кои во текот на ноќта беа погодени во главниот град на Украина.

  • Две станбени згради од 9 и 16 ката во областа Свијатошински.
  • Зграда од 10 ката во населба Подил.
  • Приватна куќа во областа Дарницки.
  • Дел од метро станицата Лукјанивска, метро линијата сеуште работи

Расте бројот на жртвите од вчерашниот воздушен напад врз телевизиска кула во областа Ривне, во северна Украина.

За жал, мораме да кажеме дека бројот на жртвите е поголем. Урнатините сеуште се расчистуваат, а до 08:30 утринава имаме 19 загинати и деветмина повредени – изјави началникот на воената управа во Ривне, Виталиј Ковал.

Според него, бројката сеуште не е конечна. Сепак, тој очекува за неколку часа да се расчистат остатоците од урнтините. Вчера наутро, два руски проектили ја погодија ТВ кулата и административната зграда во близина на Ривне.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили презеле целосна контрола врз целата територија во јужниот украински регион Керсон, пренесоа руските новински агенции.

Денеска Украина повторно ќе се обиде да достави залихи до цивилите заробени во опколениот град Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

Москва во понеделникот му дозволи на првиот цивилен конвој да го напушти Мариупол, но претставник на Кабинетот на украинскиот претседател изјави дека Русија повторно го блокирала хуманитарниот конвој со залихи кој се обидува да стигне до градот, објави Ројтерс.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top