Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа депонија лоцирана веднаш над Античкиот Театар во Охрид.
Секоја година на овој потег во пролетните и летни месеци, местото станува депонија (секако, тука е виновно и локалното население). Тоа не се забележува бидејќи просторот е покриен со “мала џунгла” од високо зеленило и грмушки, но во овој период е доста видливо – вели Филип Жура.
Доколку сега би се откорнале или скастриле диво пораснатите растенија, верувам дека во иднина овој простор ќе биде оплеменет и нема да биде прибежиште на глодари и влекачи, кои често се среќаваат на овој доста фрекфентен потег – додава тој.
Потсетуваме, Вашите слики испратете ги на : tisitvojotgrad@tvm.mk и добијте ваучер или подарок од нашите пријатели.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град