реконструкција на улици

Се асфалтираше бул. „Македонски Просветители“

Се асфалтираше булеварот „Македонски Просветители“. Откако ќе се заврши со првиот, ќе се премине на вториот дел од фазата за реконструкција.
 |  инфодеск  | 

Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваа денеска. Се асфалтираше делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот. 

По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“.

Инаку, согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top