образование

Наставници по ФЗО за 4-то и 5-то одделение

Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по ФЗО за 4-то и 5-то одделение.
 |  инфодеск  | 

Со цел овозможување на правилен раст и развој на учениците од четврто и петто одделение, Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по физичко и здравствено образование. Тие како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение.

Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишен спорт – Охрид, ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две генерации да бидат опфатени и часовите да бидат реализирани од стручен кадар, односно од наставници по ФЗО – информираше Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Општина Охрид е прва општина во државата што има добиено позитивно мислење од Бирото за развој на образованието за реализација на ваков проект.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top