Има многу хумор многу сатира и тоа е убавината на овој карневал. Ќе ја прикажат годината онаква каква што била со сите позитивности и негативности во неа. Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да навредат или повредат никакви национални или верски чувства. Во овој театар на отворено ако се види многу грубост не треба да се груби ако видите многу вулгарност не треба да сте вулгарни. Пораката е преку негативните работи да влијаеме позитивно – рече Спасе Кочоски, градоначалник на Вевчани.На најголемата карневалска манифестација во падините на Јабланица денес присуствуваа и амбасадори и политичари.
Овие луѓе се добронамерници и сатирата на овој ден ја поздравувам и оваа традиција треба да продолжи. Не сум од тие кои лесно се навредуваат, напротив ги охрабрувам да бидат што повеќе креативни – рече Христијан Мицковски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.Голем број туристи денес беа во Вевчани уживаа во вековната традиција која е спој на паганското со христијанското. Вевчанци со карневалот ја слават Стара Нова година, со маските и ритуалите се обидуваат да го избркаат злото. Прославата продолжува вечерва со концерт на Перо Бели, Елена Јовческа, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски, а точно на полноќ традиционално со огномет вевчанци ќе ја дочекаат Православна Нова година. Околу 3 часот наутро одат да ја светат водата на Вевчанските извори. Карневалот завршува утре со последното василичарско оро и ритуалното палење на маските. Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град