Автор: Маја Савиќ

пожар на трска

Опожарена трска кај Калишта

Post Views: 26 На 14.03.2022 година околу 14 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Истиот ден, пријавено е дека на 13.03.2022 година околу 19 часот настанал пожар во месноста „Краста” во атарот на струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

ЕУ знаме

ЕУ воведува нови санкции против Русија

Post Views: 14 Европската унија утрово официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот и забрана за патување на Роман Абрамович. Сите детали се очекува да бидат објавени подоцна денеска. Забраната дојде по разговорите меѓу лидерите на ЕУ во Версај во четвртокот и петокот. Санкциите се насочени кон 600 руски граѓани, што францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го нарече „историска одлука“. Санкциите се проширени на клучните олигарси, лобисти и пропагандисти кои го туркаат наративот на Кремљ за ситуацијата во Украина, како и на клучните...

Continue reading

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа за Украина

Post Views: 8 Премиерите на Чешка, Полска и Словенија отпатуваа за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фјала на социјалните мрежи. Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина – рече тој. Целта на оваа посета, како што додаде, е исто така е да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците.

Continue reading

Работат каменоломите во Лабуништа, се најавуваат протести

Post Views: 10 По двегодишна пауза, повторно се активира механизацијата на каменоломите во струшко Лабуништа. И покрај одземените концесии, деновиве се врши ископување и експлоатација. Со години еколозите бараа затворање на каменоломите, кои поради минирање и ископување предизвикуваат големи количини прав, кој го труе населението. Мештаните бараат итно да се стопира, во спротивно повторно најавуваат масовни протести, бојкот на настава и граѓанска непослушност. Се што се работи на терен бараме во најкраток рок да се забрани, односно да се стопира. Ова го апелираме за да не дојде повторно...

Continue reading

Русија телевизија протест војна

Исчезна руската новинарка која протестираше среде емисија

Post Views: 3 Руската новинарка Марина Овсијаникова, која упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“, за да протестира против војната во Украина е пријавена за исчезната во текот на ноќта, пишува Би-Би-Си. Овсијаникова, уредничка на „Прв канал“, кој е под државна контрола, беше приведена откако вчера се појави со антивоен знак. Знакот, јасно видлив на неколку секунди, гласеше: „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“. Сега не се знае каде се наоѓа уредничката. Адвокатот на г-ѓа Овсијаникова, Павел Чиков, објави на Твитер...

Continue reading

сообраќајка

Двајца повредени во сообраќајка кај Струга

Post Views: 0 Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Continue reading

Струга Дрим

Пораснаа цените на становите во струшко

Post Views: 5 Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата. Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување. Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе...

Continue reading

полициска лента

Стружанец пронајден починат во својот дом

Post Views: 8 На 09.03.2022 година во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека K.К.(81) од Струга е пронајден починат во својот дом.  При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде бил пронајден претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Како до унапредување во средното стручно образование

Post Views: 6 „Унапредување на средното стручно образование“ беше тема на настанот што денес се одржа во Охрид во организација на Министерството за образование и наука, a со поддршка на Општина Охрид. Во своето поздравно обраќање охридскиот градоначалник Кирил Пецаков истакна дека ја поддржува секоја промена што е во насока на општествен напредок, па оттука неминовно е да се применува дуалното образование во стручните училишта со цел квалификуваните кадри да можат да се вработуваат во компании во својата земја.  Унапредувањето на средното стручно образование е тема...

Continue reading

Инстаграм почна со тестирање за претплата на профили

Post Views: 3 Инстаграм почнува да тестира нова опција која на најпопуларните корисници, односно креаторите на оваа мрежа треба да им обезбеди дополнителна заработка. Мал број инфлуенсери сега ќе почнат да воведуваат претплата за пристап до дополнителна содржина што ја објавуваат на таа мрежа. Нивните следбеници кои сакаат да имаат пристап до оваа содржина ќе треба да платат помеѓу 0,99 и 9,99 долари (во зависност од тоа која сума ќе ја изберат сопствениците на профилот), а на почетокот целата сума ќе оди во џебот на инфлуенсерот, иако не е тешко да се претпостави дека „Мета“ со текот...

Continue reading

Онтарио

Шест лица застрелани за време на концерт во Америка

Post Views: 4 Шест лица се префрлени во болница откако биле застрелани на концерт во Орегон, во петокот вечерта, соопшти полицијата. Шефот на полицијата Крис Скинер рано утрото им изјави на новинарите дека една жртва е во критична состојба, во како што ја нарече, една од најтешките престрелки што се случија во градот Јуџин. Лицето е однесено на операција, рече тој. Скинер не кажал во каква состојба се другите застрелани лица. Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде настапувале Лил Бин, Заи Бенг и други бендови и изведувачи, соопшти полицијата.

Continue reading

Вевчани карневал

Карневалско лудило во Вевчани

Post Views: 3 Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, василичарите немаат намера да навредат никого ни по верска, ни по национална основа.Има многу хумор многу сатира и тоа е убавината на овој карневал. Ќе ја прикажат годината онаква каква што била со сите позитивности и негативности во неа. Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да навредат или повредат никакви национални или верски чувства. Во овој театар на отворено ако се види многу грубост не треба да се груби ако видите многу вулгарност не треба да сте вулгарни....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top