СВР Охрид

Двајца повредени во сообраќајка кај Струга

Сообраќајна несреќа кај местото викано Равење. Се судриле „ауди” управувано од А.Ц.(26) од Јабланица и „ровер” управуван од Е.К.(20) од Лабуништа.
 |  Маја Савиќ  | 
сообраќајка

Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top