Автор: Маја Савиќ

Не е точно дека пандемијата има за цел уништување на средната класа

Post Views: 3 Во пост на Фејсбук се содржани дезинформации според кои корона вирусот не е опасен. Покрај ова, неаргументирано се тврди дека пандемијата има цел да ја уништи средната класа. Но, од друга страна, не се понудени никакви факти и докази за ваквите тврдења. Во постот стои:$ 1 БИЛИОН неделно е штетата од карантинот во Сиднеј. (според моја претпоставка, имат голема веројатност карантинот да продолжит до Септември.) Штетата по здравјето на луѓето и економијата е поголема од мерките за заштита одколку од “опасниот” вирус.Дезинформација е тврдењето според кое „штетата по...

Continue reading

Во Индија 17 деца не починале од вакцина против ковид-19, туку од постковид симптом

Post Views: 5 Објава на Фејсбук објавува дезинформација дека 17 деца во Индија починале и уште 2.000 деца страдаат од инфламација на организмот, откако примале ковид-19 вакцина. Нашата проверка покажа дека веста за починатите деца е точна, но не е вистина дека починале од вакцина против коронавирус. Постот споделува фотографија од напис објавен на сајтот „The BL“ на 09.07.2021 година. Уште во првата реченица, написот, повикувајќи се на „локален извештај,“ нагласува дека „многу мали деца починаа откако им беше инјектирана вакцината ковид-19 во Индија“.Повеќе од 2.000 деца низ Индија...

Continue reading

Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“. Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а информацијата се претставува како да била добиена од наводен македонски државјанин што живее во Јапонија.Нормално на вести и телевизија ни збор за овој чин, меѓутоа има интернет, има и видеа од овие луѓе да не мислите...

Continue reading

Паушално се обвинува за „геноцид“ на децата што ќе се вакцинираат и тоа со состојка која во Фајзеровата вакцина ја нема!

Post Views: 9 Во постот што го рецензираме, изнесено е скандалозно тврдење дека вакцинацијата на децата против ковид-19 претставува „планирано убиство на децата во Македонија“.    Најавија над 1000 родители кои би ги пријавиле и своите деца?! Графен оксидот е главната причина за смртноста, како главна состојка на Фајзер и Астра Зенека, што сакаат да ја дадат на нашите деца по директива на Калето, а главни промотори Филипче и други лекари, заедно со медиумите кои лаат 24/7. Ова е директива за убиство на нашите деца! Геноцид!, се тврди во постот.Меѓутоа, во земјава е најавено дека...

Continue reading

Камуфлиран сарказам може да ги одврати луѓето од вакцините против ковид

Post Views: 9 Хуморот и сатирата се форми на комуникација кои спаѓаат во општо-човечкото универзално право на слобода на говор. Сепак, прикриениот сарказам и претставен како сатира, кој не секогаш се разбира како таков, туку се сфаќа како порака дека се прави нешто незаконски и лошо (во случајот теренска вакцинација против ковид), не е ништо друго туку антиваксерски пост насочен против јавното здравје.   Објава на Фејсбук која се однесува на дел од процесот на вакцинација против ковид-19 може да биде опасна по јавното здравје, затоа што, иако е напишана на специфичен јазик, содржи...

Continue reading

Теоретичарите на заговор препорачуваат опасен лек – не го употребувајте!

Post Views: 8 Еден профил на Фејсбук полн со опасни конспиративни теории, на граѓаните им препорачува  лек кој е опасен по здравјето. Според авторот кој стои зад профилот, лекот би требало да ги излекува луѓето од наводните негативни ефекти на вакцината против Ковид-19. Околу ова прашање Вистиномер разговараше со лекарот  Aдурим Фазлиу кој е категорично против употребата на овој лек, при што рече дека неговите ефекти можат да бидат многу сериозни по здравјето. Фазлиу, како и сите научници, секојдневно апелира за масовна вакцинација, ако единствен  „лек” против Ковид-19, пишува Порталб.мк....

Continue reading

Не е точно дека Бил Гејтс планира депопулација на светот преку присилна вакцинација

Post Views: 6 Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има за цел да го збрише населението ширум светот со помош на вакцинацијата против ковид-19, со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените личности од дезинформациите кои се шират со разните конспиративни теории. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регион Извор: Snoopes Најновата конспирација тврди дека вакцинацијата ќе го збрише населението во...

Continue reading

Во цртан филм од пред 30 години не се зборува за ковид пандемијата

Post Views: 5 Во цртаниот филм од деведесеттите, што се споделува во овој пост на Фејсбук, ниту се зборува, ниту, пак, е можно тој да се однесува на глобалната пандемија на коронавирусот, која ќе настапи триесетина години подоцна. Во видеоматеријалот од цртаниот филм не постојат никакви специфики карактеристични исклучиво за ковид-пандемијата, туку во нарацијата се споменува инфлуенца и затворање на сите локални училишта, како што е случај со сите епидемии на заразни болести, кои се пренесуваат по респираторен пат. Цртаниот филм само е злоупотребен за да се минира процесот на вакцинација...

Continue reading

Jавен документ, стар четири децении, лажно се претставува како план на СЗО за убивање луѓе

Post Views: 0 Во постот се изнесуваат дезинформации опасни по јавното здравје. Иако, експлицитно не се споменува вакцинацијата против ковид-19, сепак, актуелниот контекст во којшто се изнесува меморандум стар 36 години, кога во некои земји се размислува за трета бустер доза од ковид- вакцината, имплицира дека наративот е споделен со цел да се поткопа вакциналниот процес во услови на масовна имунизација. Рецензираме пост на Фејсбук, во кој лажно се обвинува Светската здравствена организација (СЗО), дека, наводно, во 1972 година објаснила како вакцините да се употребат за убивање луѓе. Во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top