Автор: Маја Савиќ

Вевчани доби кабинет за физикална терапија

Post Views: 20 Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ започна со работа кабинет за физикална терапија. Согласно стратегијата за развој на здравствената установа за еден месец ќе започне со работа и офтолмолошка амбуланта. Вевчанскиот здравствен дом покрива 30 000 пациенти, на потегот од Велешта до општина Дебар. Јавната установа функционира како поликлиника, централата е во Вевчани, но има и две поликлиники во селата Лабуништа и Велешта. Со отворањето на новите кабинети Вевчани се стреми кон развој на здравствен туризам. Инвестираме во кадар, во опрема, во адекватни услови...

Continue reading

Споредување на неспоредливото: Нема поврзаност меѓу Холокаустот и вакцините против ковид-19

Post Views: 6  Нејасно е каква врска има вакцинацијата против ковид-19 со Холокаустот, како систематски, масовен државен прогон на Евреите во текот на Втората светска војна, кога од страна на нацистичкиот режим во Германија беа убиени околу шест милиони Евреи. Уште помалку е јасно која е врската меѓу Адолф Хитлер и Бил Гејтс, кој, пак, во антиваксерските кругови и кај теоретичарите на заговори е омилен дежурен виновник за сѐ што е поврзано со коронавирусот, вакцините и „чипирањето“. Се разбира дека станува збор за тотално неповрзани нешта. Но, оваа манипулативна објава намерно креира...

Continue reading

ПЦР тестот не се подготвувал со ,,габа од црна смрт”

Post Views: 3 Наспроти измислицата искажана во постот, дека мукормикозата е поврзана со ПЦР тестирањето, не постои ниту еден извор којшто ги доведува во корелација оваа состојба и тестирањето за ковид-19. Но, бројни студии го испитуваат линкот меѓу мукормикозата и ковид-19, затоа што има случаи во светски рамки, од кои најголемиот дел во Индија, каде пост-ковид пациенти со ослабен имунолошки систем се напаѓани од оваа инфекција. Поради овие факти, како дезинформација го оценуваме тврдењето дека ПЦР тестот предизвикува мукормикоза. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека...

Continue reading

Од само еден дневен извештај за состојбата со ковид-19 не може да се носат заклучоци за севкупните трендови

Post Views: 6 Податоците за нови случаи на коронавирус од само еден ден не може да се толкуваат како тренд за зголемување на бројот на заразени. Дополнително, во текстот не постои ниеден извор којшто тврди дека итно мора да се преземат мерки. Истиот ден кога е објавен текстот, министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за медиумите не најави заострување на мерките. Рецензираме пост на Фејсбук, преку кој се споделува вест со сензационалистички наслов, којшто има за цел да го предизвика читателот да кликне на текстот, а откако ќе го стори тоа, да се соочи со фактот дека содржината...

Continue reading

Со нецелосни информации се проблематизира ефикасноста на вакцините

Post Views: 2 На написот што што се споделува на Фејсбук му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Со нафрлање проценти без конкретни бројки  за тоа колку од новозразените биле целосно вакцинирани, не може да се добие јасна претстава, особено ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината. Ваквиот пушален  и површен приказ може само негативно да влијае врз процесот на имунизација против ковид-19. Пост на Фејсбук шири паника без притоа да...

Continue reading

Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија

Post Views: 2 Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени. Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција со ДНК, така што не претставува генетска терапија. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин. Исто така, во постот не е наведено дека вакцината за...

Continue reading

Не е точно дека карантинот во Австралија се воведува за присилна вакцинација

Post Views: 2 Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се  0.018 % од популацијата. Австралија има  речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот...

Continue reading

Не е вистина дека пандемијата и вакцинацијата се биолошка војна

Post Views: 5 Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири страв и паника, нарекувајќи ја вакцинацијата „експериментирање од страна на  лажговци, тендераши“, а за граѓаните кои ги вакцинираат своите деца  се вели „не заслужуваат ни да имаат деца“ . Наспроти ова, непобитен научен факт е дека  вакцините го спасуваат животот и спречуваат ширење на болести. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19, а ефикасноста и безбедноста на вакцините секојдневносе потврдува со нови научни студии. Постот  манипулира  дека „глобалистичка секта“...

Continue reading

Манипулација е дека делта сојот не им може ништо на одредени луѓе

Post Views: 0 Тоа што го соопштува насловот како информација, не може да се најде во содржинскиот дел на текстот што се споделува на Фејсбук. Податоците од истражувањето, пренесено во написот, покажуваат дека дури и вакцинираните може да појават симптоми односно да се заболат, со тоа што вакцините спречуваат развивање на потешка клиничка состојба, хоспитализација и смрт од овој и другите соеви на коронавирусот. Заклучокот, пак, изнесен во насловот дека „има луѓе на коишто делта сојот на вирусот не им може ништо“, е паушален и неточен. Сè почеста тема на пишување во медиумите и на...

Continue reading

Пациентот хоспитализиран со делта сој во велешката болница, не е држен насила

Post Views: 5 Делта сојот е потврден кај пациентот кој е хоспитализиран во велешката болница, а тој самиот се пријавил на лекување и таму останува до негативизирање на неговиот тест. Тој  не е здрав и не се држи со сила во болница, како што невистинито се тврди во постот. Напротив, секој пациент повозрасен од 18 години има право да го напушти болничкото лекување, доколку потпише таква изјава на сопствена одговорност. Исто така, не е вистина дека вакцинацијата е измама. Таа, според огромен број  медицински експерти, ќе доведе до колективен имунитет и ќе спречи смрт и тешка форма на...

Continue reading

Не загадувањето, туку „имунитетскиот долг“ е причина за респираторните инфекции кај децата

Post Views: 4 Увидот во болницата во Гевгелија, кој го изврши стручен тим од Детската Клиника, покажа дека причината за респираторните инфекции кај децата – кои не се карактеристични за летниот туку за зимскиот период, воопшто не е загадувањето на воздухот туку „имунитетскиот долг“. Состојба, којашто и домашни и светски експерти ја објаснуваат како нагло изложување на вируси и бактерии после долг временски период на живот за децата во карантини, со ограничени социјални контакти, без да одат во градинка. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто децидно се тврди дека причината поради која...

Continue reading

Стара дезинформација преку ново видео искористена за потценување на ковид-19

Post Views: 1 Стара дезинформација од лани од август во американското општество, преку, веројатно, ново видео, е исползувана од корисник на Фејсбук профил на македонски јазик да се потцени опасноста од пандемијата со корона вирусот, со што се залажува јавноста дека не постоела пандемија со ковид или дека таа била безначајна.  Во објава на Фејсбук, во која има приложено и монтирано видео од ТикТок мрежата, манипулативно се тврди дека ковид пандемијата не постои, или дека е релативно безопасна, зашто, наводно, според податоци од американскиот Центар за превенција и контрола на болести...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top