Автор: Маја Савиќ

Горјан Тозија

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

Post Views: 27 На 68-годишна возраст почина филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој беше и државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година и директор на „Вардар филм“. Во продукција на „Вардар филм“, додека тој беше директор се снимија филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“. „Вардар филм“ тогаш учествуваше и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Continue reading

Junior Eurosong

Македонија на 9-то место, Ерменија победи на Јуниор Евросонг

Post Views: 20 Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија 9-то место. Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина. Песната „Green Forces“ на нашите претставници доби 114 поени. Дванаесет поени ни додели Албанија, а 12 поени од македонското жири заминаа кај Русија. Песната на Малена „Qami Qami“ со вкупно 224 поени, заврши на првото место. Настапот може да го погледнете на следниот линк

Continue reading

погребна кола

Нов рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија

Post Views: 3 Според здравствените власти во Бугарија, 93,87 отсто од 310 починати од Ковид-19 биле невакцинирани. Во изминатите 24 часа има пријавено и 6.007 новозаразени. Како што јави дописникот на МИА од Софија, 1341 се новопримени во болниците во Бугарија, а 90,16% од нив не се вакцинирани. Дозите на вакцините против Ковид-19 кои досега се аплицирани во Бугарија се вкупно 2.874.721, од кои 14.545 се за последните 24 часа. Бројот на починати од почетокот на пандемијата коронавирусот е 24.309. Ситуацијата е критична, се соочуваме со огромна закана и тоа бара заедничка акција. Повикуваме...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Пуштени во оптек фалсификувани евра во Струга

Post Views: 9 На 24-ти септември 2021 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра. Според пријавеното, во трите обложувалници, во периодот од 21:00 до 21:30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираат од МВР.

Continue reading

теквондистка

Киднапери нападнале млада таеквондистка од БиХ, таа нокаутирала еден од напаѓачите

Post Views: 9 Младата таеквондистка од БиХ, Надина Мехмедовиќ, вчера вечерта беше цел на киднапери, но успеала да им избега така што нокаутирала еден од нив. Нападот на 17-годишната таекводистка која успеала да им избега на киднаперите откако нокаутирала еден од нив, го потврди нејзиниот татко, Елвин Мехмедовиќ. Сакаме да ја известиме јавноста дека во неделата во вечерните часови во Шијам се случи неверојатна ситуација, непознати лица се обиделе да ја киднапираат Надина Мехмедовиќ, која е репрезентативка во таеквондо. Тие се обиделе на сила да ја внесат во автомобил и притоа и нанеле...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга

Post Views: 10 Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“. Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа. Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга. Екипите на претпријатието, работат со голем...

Continue reading

преговори

Руската делегација пристигна во Брест на разговори со Украинците

Post Views: 7 Руската делегација е веќе пристигната во Брест, Белорусија каде денеска треба да се одржи третата преговарачка рунда меѓу делегациите на Русија и Украина. Според руските извори, градот Брест во Белорусија ќе биде домаќин на третата рунда разговори. Во секој момент се oчекува пристигнувањето и на украинската делегација.

Continue reading

инцидент напад Токио

Момче со нож избоде десетмина во воз во Токио

Post Views: 0 Момче со нож во воз во Токио, денеска избоде повеќе патници, а потоа запалил оган, јави АП, повикувајќи се на полициски извори. Тој повредил најмалку 10 луѓе, од кои еден потешко, објави Јавната телевизија Ен-ха-ка. Момчето за кое полицијата вели дека има околу 20 години, уапсено е на местото на ицидентот. Мотивот за нападот сеуште не е познат. Снимки на кои се прикажуваат пожарникари, полиција и итна помош ги преплавија социјалните мрежи, а сите се обидуваат да им помогнат на повредените патници, додека многумина бегаа скокајќи од прозорците од возот. Инаку, ова е втор...

Continue reading

Манастир Калишта

Во Калишта вечерва започна одбележувањето на празникот Мала Богородица

Post Views: 5 Во манастирот „Света Богородица“ кој се наоѓа во струшкото село Калишта, вечерва и утре се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Манастирскиот комплекс Св. Богородица кај струшкото село Калиште е...

Continue reading

Шах турнир

Европската шаховска елита се собра во Струга

Post Views: 8 Струга домаќин на Европската шаховска елита. Од викендов во градот на мостовите започна Купот на шампиони во шах. Врвни домашни и светски шаховски имиња ќе ги одмерат силите, а присуствува и светскиот првак Магнус Карлсен. Нашата земја по трет пат во историјата е домаќин на најсилното клупско шаховско натпреварување, каде се собрани најдобрите играчи на денешницата. Сите европски држави се застапени преку своите најсилни клубови, засилени со шахисти од целиот свет. Дојде и светскиот првак во шах Магнус Карлсен еден од најдобрите играчи на денешницата. Така да голем...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Куче скитник каснало жена во Струга

Post Views: 6 На 15-ти септември 2021 година, 65-годишната С.П. од Струга пријавила во надлежната Полициска станица дека била касната од куче скитник. Инцидентот се случил додека се движела покрај езерото – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Приведени две лица од Велешта поради нелегален транспорт на дрва

Post Views: 5 На 15.09.2021 година во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода се И.Б.(49) и Т.Б.(25), двајцата од струшкото село Велешта. Истите, на 15.09.2021 година, во близина на селото биле затекнати во нелегален транспорт на дрва при што, извршиле спречување на службени лица при вршење службени дејствија. По целосно документирањ на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top