Ознака: Охрид

(ФОТО) Прекрасен ден во Охрид

Post Views: 12 Не е случајно тоа што го нарекуваат „Балкански Ерусалим“. Нашиот и Ваш Охрид е убав во секој период од годината. Наша сограѓанка ни испрати прекрасни фотографии од Охрид и Охридското езеро во склоп на проектот „Ти Си Твојот Град“.  

Continue reading

Одбележан патронатот на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид

Post Views: 10 Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник. Лилјана Ефтимовска, директорката на училиштето, го честита патронатот потсетувајќи ги присутните на неговата мисла, „Блазе си му на оној што со труд се извишува себе си“ и упати порака до учениците. Оваа мисла нека ви биде водилка низ животот, како што била на бројни претходни генерации. Знаењето што се стекнува во нашето училиште е клучна одредница за учениците, кажа Ефтимовска. Само со труд, посветеност и работа ќе постигнете резултати кои ќе ве воведат во светот на возрасните и успешните луѓе. Секогаш...

Continue reading

ГОЛЕМ НАУЧЕН СОБИР ВО ОХРИД: “ОХРИД И БАЛКАНОТ, АРХЕОЛОШКИ ПОГЛЕДИ”

Post Views: 3 Македонска академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“, од средината на наредната недела, организираат Научен собир на тема: “Охрид и Балканот, археолошки погледи”. Со учество на еминентни научни работници од земјата и светот, собирот ќе се одржи на 4 и 5 октомври, во Куќа Уранија (МАНУ), во Охрид , а како повод е земен 80-тиот роденден на академик Вера Битракова Грозданова, за чие дело, од науката оценето како “приказ на случувањата – 10 века наназад во антиката”, осврт подготвува професор Силвана Блашжеска. Битракова,...

Continue reading

Народен театар Охрид ја освои наградата „НЕТА“ на фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица

Post Views: 7 За покажана актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт на “Стаклена Менажерија”– ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС во режија на Софија Ристевска Петрушева, НУЦК “Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид повторно со освоена НАГРАДА НЕТА на фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица.

Continue reading

rakomet

Ракометен плејоф спектакл за охриѓани РК Охрид 2013-РК Вардар

Post Views: 6 Охридските ракометни гладијатори во сабота со вистински ракометен спектакл. Во спортската сала „Билјанини Извори“ тие ќе го одиграат воведниот дуел од плеј оф натпреварите во македонската машка ракометна Супер лига против гигантот на македонскиот и европскиот ракомет, екипата на Вардар. „Среќа или несреќа, првиот натпревар го играме против еден гигант во ракометот, во европски и светски рамки, составен од репрезентативци на Македонија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Србија, значи една екипа која игра годинава во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а се надевам годинава...

Continue reading

Закажана осмата седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 12 Закажана осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 10.02.2022 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат следните точки:         Предлог-одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.        Предлог-решение за избор на член во Комисијата за јавни и комунални дејности.        Предлог-решение за избор на член во Комисијата за финансии и буџет.        Предлог-решение за избор на член во статутарно – правна комисија.       ...

Continue reading

Крводарителска акција во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Post Views: 23 Во тек е крводарителска акција во просториите на Факултет за туризам и угостителство – Охрид во периодот од 10-14 часот. „Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција“, апелираат од Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

Continue reading

Изведен сложен гинеколошки зафат на одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид

Post Views: 2 На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи. Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот.Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди. Оперативниот тим беше предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан...

Continue reading

Започна вториот циклус обуки за раководители на училиштата, во Охрид и Штип, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“

Post Views: 7 Оваа програма ја спроведува Британскиот совет, а е финансирана од Владата на Велика Британија. На 21ви август следува обуката за наставници. „Училишта на 21-от век“ е програма вредна 10 милиони фунти и ќе опфати 380 наставници во 63 училишта од во наредните неколку месеци. 2.000 микро бит уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во основните училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје. Овие микро бит уреди ќе им помогнат на младите луѓе да научат нови дигитални и програмерски вештини на забавен и интерактивен...

Continue reading

Екипите на „Паркови и зеленило“ со низа активности денес низ Охрид

Post Views: 1 Екипите на „Паркови и зеленило” денеска спроведоа активности за тековно одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот. Се отстрануваше дива вегетација и се поткаструваа гранки за да се овозможи непречено движење на пешаци и возила покрај Булевар ,,Туристичка”, во стариот дел на Охрид и покрај тесни пристапни патеки во овој дел од градот. Екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” Охрид го уредија дворното место на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” во склоп на програмата за ,,Прличеви беседи” која ќе се одржи на 05.02.2022 годин...

Continue reading

logo

Спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид

Post Views: 4 Асоцијацијата на Спортови СПОРТ ЗА СИТЕ- СИТЕ ЗА СПОРТ по повод интернационалните денови на спорт и здравје , 06. и 07. 04. 2016 година (среда и четврток) организира спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид на повеќе локации во градот. Согледувајќи ги дневно месечните активности на граѓаните на Охрид, нивното слободно време, желбата за дружење, желбата за спортско рекреативни активности, заклучивме дека повеќе од потреба е спортската рекреација, повеќе од потреба е дружењето и социјализирањето, здравјето и здравиот начин на живот. Нема посоодветен момент од...

Continue reading

Во тек се уписи за Бреинобреин едукативната програма во Охрид

Post Views: 4 Во тек се февруарски уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top