Ознака: Охрид

ГРК Охрид утре го пречекува тимот на Радовиш

Post Views: 14 Серијата на полесни натпревари охридските Гладијатори ја продолжуваат против ракометниот клуб Радовиш, кој во досегашното првенство по 14 кола има забележано само една победа. Фаворитската улога е неспорна, анализира пивотменот Филип Грубор кој се навраќа на текот од првиот дуел на овие две екипи. Првиот натпревар кој го игравме на гости со Радовиш беше тежок во првото полувреме бидејќи имавме многу промашени зицери.Иако првото полувреме заврши во наша корист со 3 гола разлика, многу се намачивме. Во второто полувреме одигравме како што треба и победивме со 7 голови...

Continue reading

Нов образовен профил од следната година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 4 СОСУ “Св. Кирил и Методиј” Охрид од следната година воведува нов образовен профил, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг. Дијалогот на МОН со бизнис заедницата, општините и училиштата „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта. Бизнис заедницата и економските училишта покренаа иницијатива – институциите препознаа. На наше задоволство, чест ни е да упатиме огромна благодарност за разбирањето и целокупната поддршка од бизнис заедницата, локалната самоуправа, МОН, Секторската комисија за квалификациите од Секторот Економија, право и трговија...

Continue reading

rk ohrid 2013

Уште четири натпревари за РК Охрид 2013 пред историскиот плеј оф

Post Views: 4 Охридските гладијатори подготвени за првиот, историски настап во плеј офот на машката ракометна Супер лига. После интензивните зимски тренинзи и со само два одиграни пријателски натпревари, со почетокот на пролетниот дел од лигата, односно одигрувањето на четирите последни натпревари од регуларниот дел, тие ќе се обидат да влезат во потребниот играчки ритам за најзначајниот дел од првенството. Тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски вели дека моментално работат на комплетирање на екипата како би биле конкурентни на имиња како Вардар, Металург, Прилеп, Струмица и Работнички. “Единствен...

Continue reading

Додека во Охрид се уриваат објектите на плажите, во Струга угостителите се подготвуваат за летната сезона

Post Views: 29 Пред почетокот на новата туристичка сезона, на десеттината плажи на струшкото крајбрежје угостителите се подготвуваат за гостите. Градоначалникот Рамиз Мерко и натаму на истиот став, треба да се гради за привлекување на што повеќе туристи.  Плажите треба  да бидат  уредени за гостите да може да уживаат во благодетите во крајбрежието , а не запуштени и  преполни со отпад.  Мерко тврди, струшките концесионери плаќаат редовно закупнина. „Ние не мислиме негативно, ние секогаш размислуваме позитивино. секогаш велам дајте да градиме туристички капацитети дека се бараат,...

Continue reading

Обуки на наставници од Охрид и Дебрца за работа со ученици со лесна попреченост

Post Views: 9 Обуки на наставници за работа со ученици со лесна попреченост за целосна инклузија на тие деца и полесно совладување на наставниот материјал се спроведуваат деновиве во Охрид и Дебрца. Обуките ги реализира НО Ресурсен центар од Скопје во рамки на проектот „Include me in“ од Еразмус + програмата. Носител на проектот е ОУ„ Дебрца“, а партнери се училишта од Кападокија Турција и Романија. Фокусот на активностите е врз децата со лесна попреченост во развојот и деца од социјално ранливи семејства да се овозможи нивна максимална вклученост во училишната средина, вели  Далиборка...

Continue reading

ОХРИДСКИ МУЗИЧКИ ГРУПИ И ПЕЈАЧИ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО ОХРИД

Post Views: 11 Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Според планираното, музичка забава на градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13 до 15 часот, кога ќе настапат познати музички имиња од Охрид со репертоар од охридски композиции. На...

Continue reading

Шефови готвачи зготвија 700 оброци за сиромашните во Охрид и Струга

Post Views: 1 Десетина шефови – готвачи од земјава денеска во Струга зготвија 700 топли оброци за социјално ранливите граѓани. Идеја на стружанецот Никола Петрески, кој три пати неделно дели храна на сиромашните доби поддршка од општината и бизнис заедницата. Вредните шефови, здружени за три и пол часа ја зготвија храната. Сето ова да беше малку напорно, но со волја за луѓето кои се гладни и на кои навистина им треба топол оброк се собравме повеќе кувари – вели Никола Петрески, шеф готвач од Струга. Со короната многу порасна бројот на социјално загрозени лица и се...

Continue reading

Јордан Пуроски ВД директор на ООУ „Климент Охридски“ Охрид

Post Views: 3 Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за ВД директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска. Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика. Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.

Continue reading

Марјан Ристески поставен за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид

Post Views: 48 Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид е поставен Марјан Ристески. Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа. 

Continue reading

„Волшебна елка“ е новата хуманитарна акција на Црвен Крст Охрид

Post Views: 3 ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ е насловот на уште една хуманитарна акција што Црвен крст Охрид ќе ја намени за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства. Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната...

Continue reading

ОДРЖАНА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Со петнаесет точки на дневниот ред, од кои дванесет беа посветени на разрешување на старите и избор на нови членовите во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, денес се одржа петтата седница на Советот на Општина Охрид. Со мала дискусија, мнозинството сооветници ги донесе одлуките за избор на нови членови во управните и надзорните тела. Другите четири точки од дневниот ред кои се однесуваа за определување на надоместок за членовите на Општинската изборна комисија и избирачките одбори и усвојување на елаборати за проценка на штети од временски непогоди,...

Continue reading

Подмладокот на ФК „Црвена Звезда“ на подготовки во Охрид

Post Views: 0 Од денес до крај на месецов подмладокот (младинска и пионерска категорија) на белградскиот фудбалски клуб „Црвена Звезда“ ќе биде на подготовки во Охрид, информираат од ЈП „Билјанини извори“. За време на зимските подготовки, тимовите на ФК „Црвена Звезда“ ќе одиграат и неколку пријателски натпревари со соодветните категории на нашите фудбалски второлигаши.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top