Ознака: Охрид

Општина Охрид дел од проектот „ЕУ за општините“

Post Views: 5 На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра. Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15% го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. „Благодарение на...

Continue reading

Нов апарат за магнетна резонанца доби болницата „Св. Еразмо“ од Охрид

Post Views: 28 Нов апарат за магнетна резонанца доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид. Со овој апарат, донација од ЕУ, ќе се подобри здравствената услуга на пациентите во целиот регион. Клучно е што болните за вакви здравствени услуги нема веќе да се препраќаат во други градови. Ова значи дека значајно се зголемува пристапот на пациентите до овие апарати. Пациентите од Охрид и од целиот овој регион повеќе нема да патуваат ниту во Скопје ниту во Битола за да ги прават овие снимки. Освен што ќе служи за дијагноза особено во вака една специјализирана...

Continue reading

Зајдисонце во Охрид

Post Views: 12 Во проектот „Ти си твојот град“, наши сограѓани веќе започнаа да ни испраќаат слики и да ги лоцираат лошите практики и однесувања во секој дел од градот, но и да ги покажат убавините со кои изобилува Охридскиот регион. Секако дека во овој проект можат да учествуваат и лица од Струга, Вевчани и Дебрца. Денес ни пристигна оваа прекрасна фотографија од зајдисонце, прикажано од брегот на Охридското езеро.

Continue reading

Тепачка пред казино на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Post Views: 2 На 5-ти февруари 2022 година во 22:05  часот, пред казино лоцирано на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Д. (23) и А.Ј. (18) врз Д.М. (19), сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Автентичен фенер во Стариот дел на Охрид

Post Views: 4 Стариот дел на Охрид блеска со автентичните фенери од минатото. Фенерчињата се изработени од ковано железо, идентични како и старите фенери кои ги красеа и осветлуваа староградските куќи.

Continue reading

Казнети 7 возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол

Post Views: 4 На 05/06.02.2022 година, од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид, при извршени акциски сообраќајни контроли, полициските службеници контролирале 211 патнички моторни возила (Охрид-80, Струга-74, Кичево-25, Дебар-32) и затекнале 12 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, неуправување...

Continue reading

Осветлени бистите на Григор Прличев во Охрид

Post Views: 0 Благодарение на ЛК „Лихнидос“ од синоќа осветлени се обележјата на Григор Прличев во Охрид, бистата пред градската библиотека, во центарот на градот и основното училиште кое го носи неговото име, како и родната куќа и неговото вечно почивалиште. Осветлувањето на Прличевите спомен – обележја е дел од проектот „Охрид – град на светлината“. На овој начин клубот „Лихнидос“ изразува длабока почит кон големиот македонски поет, писател и преродбеник од XIX век – изјави проф. д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.

Continue reading

Велосипедска патека на улицата 7-ми ноември предлага „Чист Охрид“

Post Views: 34 „Чист Охрид“ предлага велосипедска патека на улицата „7ми Ноември“. „Улицата „7 ноември“ од кружниот тек кај Центарот за возила Охрид, па сѐ до комплексот Отекс, од двете страни располага со две пешачки површини меѓу кои има зеленило. Веројатно во минатото биле замислени како за пешаци, така и за велосипедисти. Делот кој е веднаш до улицата е идеален за велосипедски патеки, по примерот на булеварот „Туристичка“, но и по примерот на други градови каде има слични решенија. „Како неформална еколошка организација, чија примарна заложба е унапредувањето на животната средина,...

Continue reading

32-годишен охриѓанец извршил тешка кражба на улицата „Гоце Делчев“

Post Views: 2 На 04.02.2022 околу 17 часот, во СВР Охрид е приведен И.Б. (32) од Охрид кој претходно е затекнат при извршување на тешка кражба во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Распределени буџетските средства за спорт и рекреација од буџетот на Општина Охрид за 2022

Post Views: 11 Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение по јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Добитниците на финасиски средства во рок од 10 (десет) работни дена...

Continue reading

Тешко повреден велосипедист на улицата „7 ноември“ во Охрид

Post Views: 12 На 15.12.2021 во 10.50 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеди управувани од Р.М.(49) и В.К.(66), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.К. констатирани во Општата болница во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Од недела во Охрид ракометна пролетна полусезона

Post Views: 8 По очекуваниот пораз на гости од Еурофарм Пелистер, oхридскиот ракометен клуб го очекувaат серија натпревари на кои мора да победи. Тоа што „Гладијаторите“ го одиграа во Битола не треба да ги загрижи фановите на клубот бидејќи резулатот не е вистинското мерило за квалитетните подготовки и моменталната форма која ја поседува екипата. Дека охриѓани знаат да победуваат ќе покажат веќе на наредниот дуел. На гости ни доаѓа екипата на Бутел, знаеме за каква екипа се работи, добра и искусна. Тие го имаат обезбедено учеството во плејофот за разлика од нас. Ние ќе дадеме се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top