Автор: Валентина Неловска

Охридската цреша помеѓу исток и запад

Post Views: 32 Македонските земјоделци и овоштари се загрижени за извозот на годинешниот род. Стравуваат за пласманот на производите и пазарите каде ќе завршат нивните труд и мака по затворање на традиционалните пазари на Исток по воениот конфликт во Украина. Посебно се загрижени по воведувањето на меѓусебните санкции на нашата земја и Руската Федерација. Вообичаено, во овој период од годината, се договара пласманот на производите, а производителите се исправени пред голема неизвесност, напоменува охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Земјоделците и овоштарите упатуваат апел до Владата...

Continue reading

Пештани е туристичка населба без марина

Post Views: 4 Мештаните од Пештани бараат да се изгради марина или пристаниште на крајбрежјето од нивната населба. „Ние сме туристичка населба на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на релацијата Охрид-Св. Наум, а сме оставени без пристаниште“, напоменува Ѓоре Танески, претседател на Месната заедница. Танески додава дека од 3700 пловни објекти регистрирани во Капетанија имаат бројни ситуации кога туристи бараат помош од мештаните, кога им застанале пловните објекти заради дефект или останале без гориво во летниот период, а нема соодветно место каде да им помогнат.  Бараме...

Continue reading

Охридските јавни претпријатија пред колапс

Post Views: 8 Јавните претпријатија и Локалната самоуправа тонат во финансиски загуби. Тие се соочуваат со тешкотии за исплата на тековни трошоци и за исплата на плати за вработените како резултат на работата на претходните раководства и на превработеност. Енергетската криза, ценовните шокови со енергенсите и новата минимална плата само ќе ја влошат состојбата на претпријатијата. Сашо Донев, претседателот на Советот, упати критика на сметка на Владата затоа што во последниот пакет антикризни мерки нема помош за општините. Сега со минималната плата и со новата цена на електричната...

Continue reading

Охридските превозници на јавен транспорт бараат зголемување на цената

Post Views: 2 Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот. Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за...

Continue reading

Во опасност иглолисната шума на охридското Кале

Post Views: 1 Шумата на охридското Кале е во опасност од бршленот, јавуваат загрижени граѓани. Посочуваат на загрозеност на „белите дробови“ на градот во делот на Самоилова тврдина, Дебој, Канео и Лабино. Загрижени се за иглолисните дрвја да не почнат да се сушат од бршленовиот повит. Рекреативците кои секојдневно пешачат по патеките кои водат низ Калето кажуваат дека се почесто забележуваат исушени стебла, како што ја нарекуваат, нивна „патека на животот“. Повикуваат надлежните да ја исчистат шумата од бршленот и да го спасат урбаното шумско зеленило. Проф. д-р Јане Ацевски, раководител...

Continue reading

Не стивнува изградбата на дивоградби во НП Галичица

Post Views: 10 Изградбата на дивоградби продолжува во Националниот Парк „Галичица“, а надлежните институции толерантни кон бесправните градби изградени во Националниот парк. Бесправно се градело во најатрактивните делови на крајбрежјето како што се населбите Трпејца, Пештани, Велестово, Коњско, Рамне и Љубаништа. Се граделе нелегални објекти во зоната за одржливо користење, но и во строго заштитената зона на паркот. Од НП Галичица напоменуваат дека се градело и на узурпирано државно земјиште. Оваа национална установа пријавила дванаесет дивоградби во 2021 година и во двата месеци...

Continue reading

Хумани охриѓани ќе исполнат посебни новогодишни детски желби меѓу кои и велосипед

Post Views: 6 Во Охрид се прават бројни хумани акции за да има насмевка на секое детско лице. Новогодишните и Божиќните празници се време за дарување и исполнување на новогодишни желби. Во тој дух разнобојни пакетчиња, украсени со црвени панделки чекаат да израдуваат 60-тина дечиња кои оставија лампиони со нивните желби на „Волшебната елка“ од Црвен крст. Лампионите со новогодишни желби беа реализирани за само неколку дена. Охриѓани несебично ги исполнија специфичните детски желби од семејствата во социјален ризик и од здружението „Тајните на моето срце“. На овој начин децата ќе се...

Continue reading

Охрид ќе добие Центар за нега на стари и лица со попреченост

Post Views: 20 Наскоро охриѓани ќе добијат Центар за нега на стари и лица со посебни потреби. Има голема побарувачка за нега во домашни услови за овие наши сограѓани, а општинската организација на Црвен крст организира стручна обука за негуватели кои може да ги понуди според потребите, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. Досега се направени две обуки со лица кои се стекнале со меѓународен сертификат верифициран од Министерството за образование и кои може да се вклучат во функционирањето на центарот. Имаме 14 негуватели да пружат услуги. Се надеваме според пријавите досега...

Continue reading

Во општина Охрид пасивни поголем дел од урбаните заедници

Post Views: 0 Поголем број охридски урбани заедници се без месни одбори. Граѓаните се пасивни кога станува збор за организирано учество во месната самоуправа. Во период од годината кога се крои општинскиот буџет според граѓанските потреби во моментов нема организирана форма преку која жителите од УЗ ќе ги пренесуваат приоритетните барања до Локалната самоуправа за да се решат нивните потреби. Ванчо Огненов, од граѓанското здружение „Чекоштина урбан“, поаѓајќи од нивното досегашно искуство ги појаснува причините за пасивноста на граѓаните во урбаните заедници. Напоменува дека со децении...

Continue reading

Матичните лекари од Охрид се приклучуваат кон барањата на еснафот

Post Views: 6 Охридските лекари од примарното здрвство се приклучуваат кон протестите на еснафот во државата. Доктор Љупчо Костоски, претседателот на приватните матични лекари од Охрид напомeнува дека неговите колеги ќе работат со итните пациенти.  Нашата хумана професија не ни дозволува да запреме со работа, но тоа не значи дека не треба да се почне процесот за решавање на проблемите во примарото здравство – изјави за ТВМ д-р Костоски. Здравствените власти треба да го слушнат гласот на матичните лекари и да го спречат затворањето на амбулантите, бараат македонските...

Continue reading

Изградба на нов објект за Охридската трансфузиолошка служба е планот на надлежните

Post Views: 27 Реконструкција на Охридското одделение за трансфузиологија не е паметна инвестиција за надлежните. Објектот во кој функционира Службата за трансфузиона медицина во Охрид не ги исполнува условите ниту просторно ниту локациски, покажале анализите, а неодамна јавноста беше шокирана и од споделените фотографии на социјалните мрежи за внатрешните услови. Влажни и мувлосани подрумски простории, дотраена дограма, искршен мебел се далеку од стандардите за нормално одвивање на дејноста.   Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој момент...

Continue reading

Снегот и ниските температури добредојдени за земјоделските култури

Post Views: 2 За земјоделските и овошните култури добредојдени се снегот и температурата под нула степени во ова време од годината. Мразот може да ги подгори градинарските култури кои се одгледуваат на отворено, како што се спанаќот, марулата и кромидот, но нема да претрпат трајни оштетувања, укажува охридскиот агроном Мирослав Трајчески. Ниските температури нема да имаат негативно влијание и врз земјоделските култури и овошките. Во глобала е сеуште право време за ниските температури. Тоа е добро за да се одложи за подоцна почетокот на вегетацијата на растенијата. Штетата од мраз...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top