• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение

Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение

Петнаесеттина пациенти се преселени на Инфективното одделение по протекување на вода во внатрешноста како резултат на кондензација во објектот. Министерството за здравство е известено и треба да преземе мерки за санирање на проблемот, информира директорот на охридската Општа болница.

 |  Валентина Неловска  | 

Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19.

Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно. Колку што можевме реновиравме на овој оддел, а модуларната може да се отвори ако има потреба повторно. Имавме преголемо вклучување на клими и има температурна разлика и се појави кондензација. Постои страв и кај пациентите и кај вработените, но засега не гледам дека е алармантна состојба – истакна д-р Балески.

Министерството за здравство ги нарача модуларните болници како зајакнување на болничките капацитети низ земјава за лекување на пациентите болни од ковид 19. За настанатиот проблем со кондензацијата Општата болница го извести Министерството и се очекува тоа да преземе мерки за изведувачот да ја санира појавата, информира д-р Балески.

Инвеститорот треба да си го санира и реши проблемот. Станува збор за релативно лесен проблем. Тоа е монтажна болница, но ни е потребна со оглед на капацитетите е максимално искористена – вели д-р Балески.

Доктор Балески додава дека на инфективно ќе се лекуваат само ковид пациенти, а според протоколот болните со други инфективни заболувања ќе се лекуваат на интерно одделение по почитување на протоколот на болницата. Намерата е по стабилизирање на состојбата со пандемијата модуларната болница да се пренамени за потребите на другите болнички оддленија, меѓу кои и за потребите на геријатрија.   

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top