ИПА Охрид одржа Изборно собрание

Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, викендов во Охрид одржа Изборно собрание на кое присуствуваа претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости.

 |   | 

Притоа, со јавно гласање, беше избран Управен одбор за наредниот пет годишен мандат. Стефан Димоски е избран за претседател, Игор Смилески-генерален секретар, Сашо Шумуликоски-помошен генерален секретар, Александар Голабоски-благајник, Антигона Цветаноска-помошник, Александар Трајкоски и Марина Секулоска-делегати во Националната секција на ИПА Македонија.

На изборното собрание беа избрани и нови членови во Надзорниот одбор, како и ИПА координатори за Охрид-и подрегионите Струга, Кичево, Дебар, ИПА секциите на жени, за спорт, мото и на ветерани. Пред новиот тим претстојат бројни предизвици, кампањи, работа, ангажман, консултации, идеи, креативност, дијалог, самоодрекување, дружење и колегијалност што ќе ја води ИПА Охрид напред кон понатамошни успеси и работа посветена за добро на сите ИПА членови, но и на општеството во целина, велат од Интернационалната полициска асоцијација – Охрид.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top