Ознака: овој

detska specijalna bolnica

Наместо Специјална детска болница, хотел???

Post Views: 45 Елитна туристичка населба треба да се гради на просторот кај поранешната Детска специјална болница. Паѓаат во вода најавите за отварање на Одделение за детска кардиологија, од страна на Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Сега, судбината на двата големи објекти и огромниот простор на кој се наоѓаат, е во рацете на  Министерството за транспорт и врски. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека сеуште траат постапките за утврдување на имотно-правниот карактер на недвижните ствари. Додаваат дека по утврдување на точниот имотно-правен статус, ќе се постапува...

Continue reading

ps FZOM

Нова пререгистрација за невработените

Post Views: 7 За среќа овој пат по скратена процедура. Причина се сменетите износи до кои невработените можат да остварат приход, а сеуште да бидат регистрирани на товар на државата. Доколку навреме не се изврши пререгистрација, од Фондот велат дека лицата ќе бидат одјавени од Регистарот на осигуреници. По турканиците изминатото лето, кога се бркаа последните рокови за пререгистрација, од Фондот за здравствено осигурување со барање за нова пререгистрација. За среќа, овој пат целата процедура ќе биде скратена. Пререгистрацијата ќе биде сведена само на потпишување на изјава за остварен...

Continue reading

protest bolnica

НВО „Младински центар“ протестираше пред општата болница

Post Views: 6 Ни неверојатно лошите временски услови не ги спречи приврзаниците на НВО „Младински центар“ да протестираат пред општата болница во Охрид. „Во септември 2010 год. се сруши највиталниот дел од општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија. Хирургија, анестезиологија, урологија и одделението за уво, нос и грло. Ветија за 6, потоа за 12, па за 16 месеци дека ќе ја завршат реконструкцијата на болницата, но сведоци сме дека работите не се поместени од почената точка и не гледаме решение за овој значеаен проблем подолго време. Неодговорноста на надлежните...

Continue reading

Ohrid

Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Post Views: 0 Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од...

Continue reading

smoking

Пушиме и гајле си немаме!

Post Views: 0 Она што е забрането, лесно привлекува внимание. Активното пушење во земјава има нагорна линија и покрај сите мерки кои се преземаат за оваа тенденција да запре. Проблемот со пушењето е далекусежен и многу сериозен. Најтешкиот удар го претрпува човековото здравје. Ниту страшните статистики кои велат дека секои 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се како последица на пушење, не успеваат да го постигнат потребниот ефект од откажување. Се поалармантни се бројките кои се објавуваат за Македонија, која за жал спаѓа во водечките нации кои се соочуваат со овој проблем.Според...

Continue reading

raskrsnica

Наместо семафори, четири кружни текови на „Туристичка“

Post Views: 3 Семафорите од ракрсниците на булеварот „Туристичка“ ќе заминат во историјата. Доколку се реализира програмата за уредување на градежното земјиште за 2012 година, наместо семафори, ќе никнат кружни текови. Од секторот за сообраќај при општина Охрид со објаснување дека на овој начин ќе се зголеми безбедноста, но и ќе се олесни протокот на возила на овие раскрсници. Наместо семафори, на „Туристичка“ четири кружни текови ќе го регулираат сообраќајот. Или барем вака ќе биде, доколку се реализира делот од програмата за уредување на градежно земјиште за 2012 година, кој се...

Continue reading

Sv Sava

Денот на Свети Сава по петти јубилеен пат одбележан во Охрид

Post Views: 6 Имено вистинското име на свети Сава е Растко Немањиќ, и е син на Стефан Немања, големиот српски жупан. Стефан му понудил на својот син да биде крал на Србија, но овој го одбил при што избегал во Света Гора каде што се замонашил. Заедно со својот татко го изградиле манастирот Хиландар и таму го добива и своето црковно име Сава. Сава бил првиот српски архиепископ, основал манастири и школи во средновековна Србија. Починал во Велико Трново, во Бугарија. Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија....

Continue reading

blato

Студенчишкото блато и ЛEАП-от чекаат амин од советниците

Post Views: 0  Предлогoдлуката за усвојување на Локален акционен план за животна средина за општина Охрид и информацијата за изработка на интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и преземање на мерки за негова ревитализација пред советниците.   „Добро е што конечно локалниот еколошки акционен план е изработен и истиот е ставен на седница на совет“, вели советникот Дејан Пановски, човекот кој во 2008 год. лобираше за да се изработи ваков план.   Локалниот еколошки акционен план е документ кој општината треба да го искористи најмногу, за да ги промовира...

Continue reading

nadzorna kamera

Раката на законот кратка за сограѓаните со лепливи прсти

Post Views: 8 Крадењето е секојдневие во Охрид. Нема да кажеме ништо ново со информацијата  дека кражбите се зачестена појава во градов. Се краде насекаде, во становите, во куќите, во институциите, во продавниците, во хотелско угостителските капацитети, како и во добро обезбедени објекти. Сограѓани,  внимавајте добро, па дури и кога сте на работното место. Крадците не бираат место и начин како да дојдат до својот плен. На записите од видео надзорот, регистрирани во два наврати во нашава телевизија за краток временски период, повеќе од јасно се гледа се. Проблематичната Џемиле позната...

Continue reading

mrest

Доцни мрестот на охридската пастрмка

Post Views: 9 Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со дозволата ќе може да влезат во водите на Охридското Езеро, за да почнат со лов на овој ендемичен вид риба, со цел да соберат  икра за вештачко оплодување. Одговор зошто се доцни со мрестот побаравме од ресорното министерство.Портпаролот на Министерството за земјоделство,  шумарство и водостопанство, Тања Михајловска  информира дека за ден-два ќе почне мрестот....

Continue reading

kupi kuka kupi stan

Наскоро ќе се аплицира за „Купи куќа, купи стан“

Post Views: 0 Аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ започнува за неколку дена, односно до крајот на овој месец. Изборот за добивање на кредитите ќе го вршат осум комерцијални банки, а првите договори за финансирање на станбените кредити се очекува да бидат потпишани до крајот на Март оваа година. Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ наскоро започнува со реализација. Оваа социјална мерка преку која ќе се субвенционираат станбени кредити, на заинтересираните граѓани им нуди две опции. Едната опција е да добијат 50% субвенционирано учество кое ќе почнат да го враќаат...

Continue reading

plasici

Два тона чорба за денот на рибарите

Post Views: 7 Во еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top