Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ohrid
Ohrid

Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од Белгија, а од домашните туристички агенции бројот на поднесени барања е многу мал. Од Министерството за економија велат дека домашните туристички агенции  покажале слаб интерес за субвенциите. Тие и понатака, најчесто, се ориентирани кон продажба на туристичките аранжамани за странство.
Ohrid

Домашните туристички агенции, пак  се жалат дека не можат да добиваат субвенции затоа што хотелиерите, аранжманите првенствено ги нудат на странските тур оператори, а во помал број склучуваат договори со домашните. Од друга страна  странските туроператори и за оваа година  најавиле од 20 до 30 посто зголемување на странските гости во земјава и воведување на поголем број чартер летови. Со субвенциите за туристичките агенции треба да  се зголеми надворешниот туристички промет во земјава. За секој странски гостин кој ќе реалзира 3 ноќевања во категоризиран хотел во зависност регионот од каде доаѓа туристичките агенции ќе добива од 10 до 25 евра. Овој вид на надоместок е воведен по барање на туристичките работници, а се планира да се применува заклучно со 2012 година. Од почетокот на ова година има измени во надлежностите  за субвенциите. Тие  преминуваат од Министерството за економија, сектор за туризам  во ингеренции на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, информира Николоски.   
Владата ги одобри субвенциите во 2010 година со цел да ги стимулира туристички агенции да го зголемуваат надворешниот туристички промет на земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top