Наскоро ќе се аплицира за „Купи куќа, купи стан“

Аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ започнува за неколку дена, односно до крајот на овој месец. Изборот за добивање на кредитите ќе го вршат осум комерцијални банки, а првите договори за финансирање на станбените кредити се очекува да бидат потпишани до крајот на Март оваа година.

 |  Мишел Наумоски  | 
kupi kuka kupi stan
kupi kuka kupi stan

Аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ започнува за неколку дена, односно до крајот на овој месец. Изборот за добивање на кредитите ќе го вршат осум комерцијални банки, а првите договори за финансирање на станбените кредити се очекува да бидат потпишани до крајот на Март оваа година. Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ наскоро започнува со реализација. Оваа социјална мерка преку која ќе се субвенционираат станбени кредити, на заинтересираните граѓани им нуди две опции. Едната опција е да добијат 50% субвенционирано учество кое ќе почнат да го враќаат по 20 години кое изнесува 6250 евра, а другата опција е да добијат 50% субвенционирана камата во првите пет години, која е неповратна. Дел од граѓаните скептични, а дел со одобрување за владиниот проект.

Еве што Охриѓани мислат за „Купи куќа, купи стан.“

„Мислам дека тоа е добра работа, за сите, а особено за младите, за млади брачни парови што не можат да си го решат станбеното прашање, Мислам дека е добар проектот само би требало побрзо да почне да се реализира.“

„Ова е лага, ако имал некој пари за да аплицира за проектов ќе имал пари и сам да си го купи станот, овде некој може само да си се офајди.“-велат дел од граѓаните.

Цените на становите во Охрид приближно одговара на условите кои ги пропишала владата за овој проект и се движат од 600 до 900 евра за метар квадратен во централното градско подрачје. Според Наташа Спасеска, од Агенцијата за недвижности Капитал, не е сеедно која опција ќе ја изберете за купувањето на станбениот објект.
Natasa Spaseska„Според наша проценка цениме дека субвенционирање на половина месечна рата е поповолен услов бидејќи тие средства се неповратни. Сметаме дека купувачите можеби ќе можат да направат напор бидејќи тие ако планирале да купат стан, сигурно имале некој дел на пари заштедено за да го платат учеството, така да нив поолеснително ќе им биде првите 5 години да добијат субвенција само половина рата да платат и тие средства да немаат никаква обврска да ги вратат на државата.“-рече Наташа Спасеска-Менаџер во Агенција за недвижности-Капитал.  
Според Спасеска, овој проект за апликантите е многу поповолен посебно во споредба со станбените кредити кои ги нудат комерцијалните банки.
„За еден таков кредит да речеме некаде за период од околу 30 години, месечната рата изнесуваше некаде околу 300 евра, значи и каматите беа повисоки. Сега имаме некој благ пад на каматите, но сепак се сеуште високи, значи 8,5%, од 8,5% изминативе три години, 7,5 па сега и 6,5%, но со овој проект банките се обврзуваат во првите години каматната стапка да не е повисока од 4,5% што е навистина значително намалување на каматата.“-додава Спасеска.Но, и самиот проект не доаѓа без ограничувања. Во условите кои ги нуди владата постојат и серија обврски кои апликантите мора да ги исполнат за да го добијат кредитот, вклучително и условите за добивање станбен кредит кои ги пропишале банките. Имено апликантите не смеат да имаат подигнато друг станбен кредит при аплицирањето, месечната заработувачка на лице кое не е во брачна заедница не смее да надминува 900 евра. И за брачните парови вкупната месечна заработувачка исто така не смее да ја надмине оваа сума. Апликантите не смеат да го издаваат купениот стан, ниту да го оптоваруваат со хипотеки. Доколку задоцнат со плаќањето на ратите до 90 дена банките имаат право, а по 180 дена и обврска да го прогласат кредитот за достасан и да го раскинат договорот за кредит. Законот за субвенционирање на станбен кредит започна да се применува од 1ви овој месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top