Пушиме и гајле си немаме!

Македонската младина станува активен пушач на се помала возраст. Загрижувачки се статистиките кои редовно ги објавува Светската здравствена организација за бројот на млади пушачи. И покрај државните механизми за искоренување на оваа навика, се чини во Македонија се полесно се посегнува по цигара.

 |  Мишел Наумоски  | 
smoking
smoking

Она што е забрането, лесно привлекува внимание. Активното пушење во земјава има нагорна линија и покрај сите мерки кои се преземаат за оваа тенденција да запре. Проблемот со пушењето е далекусежен и многу сериозен. Најтешкиот удар го претрпува човековото здравје. Ниту страшните статистики кои велат дека секои 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се како последица на пушење, не успеваат да го постигнат потребниот ефект од откажување. Се поалармантни се бројките кои се објавуваат за Македонија, која за жал спаѓа во водечките нации кои се соочуваат со овој проблем.
pushenje
Според податоците на Светската здравствена организација, околу половината Македонци на возраст над 15 години се редовни пушачи. За жал, се поголем е бројот на деца пушачи и тоа на возраст од 11 до 12 години. Од нив 23 проценти изјавиле дека имаат запалено цигара, додека 16 проценти дека тоа ќе го сторат во идната година.

Една од мерките кои ги превзеде државата во справувањето со овој проблем е изменувањето на Законот за заштита од пушење донесен уште во 1995 година. Со последните измени, уште поригорозни станаа инспекциските служби на Државниот пазарен инспекторат, кои доколку затекнат некој затворен објект во кој се пуши, имаат право истиот веднаш да го затворат.  Раководителот на општинскиот пазарен инспекторат, Ѓорѓи Бошалески вели дека во Охрид, овој закон со мали исклучоци сепак се почитува.

zabraneto pushenje„Како бројки за репер ќе ја земам 2011 година во која што ќе кажам ние како Државен пазарен инспекторат извршивме преку 150 надзори, со тоа што ќе кажам дека во летниот период бидејќи се отворени терасите во тој период не дека не се контролира, туку се намалува бројот на надзорите и изречени се глоби во вредност од 20.000 евра во денарска противредност. Преку 20.000 евра во глоби изречени се кон правните лица во Охрид, затворени се 13 угостителски објекти и поднесени се исто толку прекршочни барања до Основниот суд во Охрид.“-вели Ѓорѓи Бошалески-Раководител на општински пазарен инспекторат.

Според последните статистички податоци, во земјата, во текот на една година, од карцином на белите дробови заболуваат 43 лица на 100.000 илјади жители, или околу 870 луѓе. Докажано е дека некои луѓе се почувствителни на дејството на канцерогените материи, како што се оние кои се наоѓаат во чадот од цигарите. За жал и покрај сите активности и кампањи биле светски или домашни, тутунската индустрија и натаму е една од водечките во светски рамки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top