Студенчишкото блато и ЛEАП-от чекаат амин од советниците

Предлогoдлуката за усвојување на Локален акционен план за животна средина за општина Охрид и информацијата за изработка на интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и преземање на мерки за негова ревитализација пред советниците.

 |  Татјана Маленкова  | 
blato
блато

blato Предлогoдлуката за усвојување на Локален акционен план за животна средина за општина Охрид и информацијата за изработка на интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и преземање на мерки за негова ревитализација пред советниците.  

„Добро е што конечно локалниот еколошки акционен план е изработен и истиот е ставен на седница на совет“, вели советникот Дејан Пановски, човекот кој во 2008 год. лобираше за да се изработи ваков план.  

Локалниот еколошки акционен план е документ кој општината треба да го искористи најмногу, за да ги промовира екологијата и туризмот како основни економски гранки на Охрид. „ЛЕАПОТ треба да се земе далеку посериозно отколку што сега се третира“, вели Пановски.

„ ЛЕАПОТ како документ секако дека има недостатоци, но е добар е во една димензија, а тоа е димензијата во акциониот план, и посебно во планот на одговорностите. ЛЕАП утврдува одговорности која институција локална или државна има надлежност, одговорност за одредени процеси од еколошка и туристичка природа и економска се случуваат во Охрид“, вели координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски.

Советниците во петок треба да дадат зелено светло и за Интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато. Активностите за ревитализација на блатото започнаа 2007 год. кога беа преземени мерки за заштита на истото. Пановски вели дека „Студенчишкото Блато“ треба да го искористиме максимално во туристички и научни цели, со тоа што ќе изградиме природна инфраструктура, внатре во самото блато и ќе го понудиме пред научната јавност, пред странската научна фела и пред туристистите како добар туристички елемент. Од сето ова најголема корист би имал Охрид.

Dejan Panoski„Она што не е урбана заедница 17 во Охрид, што значи дека перспекивно се размислува на урбанизација на истото. Тоа е недозволиво и би порачал никој да не си игра со остатокот од она што е езеро, од она што е помош на самото езеро да го смета како позиција за повторно градење на градби. Тоа да го заборават со време затоа што на Охрид доволно му се нарушувања од урбанистички карактер, несмееме да го оштетиме и овој остаток на овој дел од блатото затоа што е дел од езерото“, вели Паноски.

Активностите кои се преземени за заштита на блатото одат во подлабока фаза. Пановски вели дека покрај тоа што веќе е изработена студија за валоризација, сега се влегува во еден процес со странски донатор – германската влада која ќе го поддржи проектот за заштита на биодиверзитетот во Охридско-преспанскиот крај, во кој е вметнато и стденчишкото блато.

Ова е еден од проектите кои треба да влезат и во Дримскиот дијалог и истиот годинава треба да започне со реализација. Пановски вели дека најпрво треба да се обележат границите на строго заштитено подрачје, а потоа и да се изградат патеки низ блатото, изградба на евентуални набљудувачници  како и една административна зграда во блатото од природен матријал. Тој додава дека во судијата за заштита на блатото било децидно наведено дека на овој потег градби од тврд материјал какви што има сега, во никој случај не треба да има.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top