Денот на Свети Сава по петти јубилеен пат одбележан во Охрид

Еден од најголемите празници во српскиот православен календар прославен со традиционално читање на песни за Свети Сава, но и со богата трпеза. За организацијата на оваа прослава повторно се погрижија од српско-македонското друштво „Коштана“.

 |  Мишел Наумоски  | 
Sv Sava
Sv Sava

Имено вистинското име на свети Сава е Растко Немањиќ, и е син на Стефан Немања, големиот српски жупан. Стефан му понудил на својот син да биде крал на Србија, но овој го одбил при што избегал во Света Гора каде што се замонашил. Заедно со својот татко го изградиле манастирот Хиландар и таму го добива и своето црковно име Сава. Сава бил првиот српски архиепископ, основал манастири и школи во средновековна Србија. Починал во Велико Трново, во Бугарија.

Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија. Во Македонската опера и балет вечерва ќе биде одржана и свеченост за одбележување на петгодишнината од овој национален и државен празник на Србите во Македонија. На свеченоста ќе присуствува и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top