Два тона чорба за денот на рибарите

Најголема гужва имаше на просторот кај старата библиотека, каде што се крчкаа вкусните охридски специјалитети.

 |  Билјана Николоска  | 
plasici
plasici

corbaВо еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи за се тоа треба време, луѓе, труд и внимателност.
Вкусните маринирани плашици по рецептот на баба, ги готвеше Лилјана Димитриеска. И нејзе не и беше лесна задачата. Три часа да внимава на нив и да направи вистински деликатес.
riba

Од охридските специјалитети пробаа и дел од гостите кои престојуваат во Охрид. Меѓу нив се најдоа гости од Јужна Кореа кои за прв се во Охрид. Тие пријатно се изненадени од се она што го виделе за празникот „Богојавление“.
Голем дел во организацијата на денот на рибарите, имаат и спортските риболовци. Радован Димитриески претседателот на СРД „Св. Апостол Петар“, вели дека секоја година се трудат со свои содржини да дадат посебно обележје на овој ден.
Од казанот со два тони охридска рибја чорба се наполнија 8 000 чинии. Покрај тоа на неколку штандови се служеше и печена плашица која ја снемуваше за неколку секунди, бидејќи граѓаните веднаш ја разграбуваа, како и бесплатното вино. На денот на рибарите беше организирана и културно уметничка програма на која настапија Верица Пандилоска, Мишко Крстевски, Ѓоко Танески и др.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top