НВО „Младински центар“ протестираше пред општата болница

Ни неверојатно лошите временски услови не ги спречи приврзаниците на НВО „Младински центар“ да протестираат пред општата болница во Охрид. „Во септември 2010 год. се сруши највиталниот дел од општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија. Хирургија, анестезиологија, урологија и одделението за уво, нос и грло.

 |  Татјана Маленкова  | 
protest bolnica
протест болница

NVO Mladinski centarНи неверојатно лошите временски услови не ги спречи приврзаниците на НВО „Младински центар“ да протестираат пред општата болница во Охрид. „Во септември 2010 год. се сруши највиталниот дел од општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија. Хирургија, анестезиологија, урологија и одделението за уво, нос и грло. Ветија за 6, потоа за 12, па за 16 месеци дека ќе ја завршат реконструкцијата на болницата, но сведоци сме дека работите не се поместени од почената точка и не гледаме решение за овој значеаен проблем подолго време. Неодговорноста на надлежните од централната власт, пред се на министерството за здравство оди дотаму што безобразно ги занемаруваат сите барања и повици за наоѓање времено решение на овој голем проблем“, истакна член на НВО Младински центар – Охрид, Маре Ристеска. Таа уште еднаш јасно ги прецизираше барањата кои денеска ги доставија до управата на болницата, од каде ќе бидат предадени во министерство а здравство.

protest bolnica„Бараме во најкраток можен рок, надлежните институции пред се менаџерскиот тим на болницата и министертсвото за здравство да обезбедат услови во кои непречено ќе функционираат одделението за гинекологија, хирургија, урологија, анестезиологија и одделение за уво, нос и грло. „Младински центар“ бара и утврдување и јавно изнесување на крајните рокови за изградба на болницата во Охрид. Одговорност за сите инволвирани во овој невиден здравствен скандал и оставањето на на 60 000 граѓани без основна здравствена заштита“, истакна член на НВО Младински центар – Охрид, Маре Ристеска.

Покрај овие Ристеска побaра и јавно обзнанување на како што рече криминалниот договор со бугарската градежна фирма, како и јавно извинување од одговорните институции до сите засегнати и оштетени пациенти.
Денешните протести ги подржа и градоначалниот на Охрид, Александар Петрески кој пред да излезе на протести во неколку наврати се сретна со министерот Тодоров и разговаа токму за овој горлив проблем на охриѓани.  

protesti bolnica„Две години сме изложени на немилост во однос на јавното здравство. Охрид наместо да прерасне во регионален центар и неместо овде да се гради поликлиника, се случи Охрид да нема болница за општи потреби. Овој протест сум сигурен дека го подржуваат сите граѓани на Охрид“, вели градоначалникот Петрески.

„Ако стојат на тоа што кажа министерот дека за година дена ќе имаме болница тоа значи три години, Охрид без болница. Тогаш зошто ја рушеа болницата. Болницата што ја срушија имаше  многу поубави услови него болницата во Струга каде сега одат Охриѓани. Верувам дека за година дена ќе се изгради болница, затоа што за година дена ќе имаме локални избори и сигурен сум дека до изборите ќе се направи болницата и тогаш лента ќе сечат, затоа што само така може да функционираат“, истакна градоначалникот Петрески.

Од Младински центар, на денешниот мирен протест уште додадоа дека доколку продолжи ароганцијата, неодговорноста и нерешавањето на овој огромен проблем кој е од животно значење за охриѓани, за многу краток период повторно во уште поголем број и со порадикални мерки ќе излезат на простести, и ќе бараат по секоја цена овој проблем да се реши.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top