Наместо семафори, четири кружни текови на „Туристичка“

Семафорите од ракрсниците на булеварот „Туристичка“ ќе заминат во историјата. Доколку се реализира програмата за уредување на градежното земјиште за 2012 година, наместо семафори, ќе никнат кружни текови. Од секторот за сообраќај при општина Охрид со објаснување дека на овој начин ќе се зголеми безбедноста, но и ќе се олесни протокот на возила на овие раскрсници.

 |  Мишел Наумоски  | 
raskrsnica
раскрсница

soobrakaj

Семафорите од ракрсниците на булеварот „Туристичка“ ќе заминат во историјата. Доколку се реализира програмата за уредување на градежното земјиште за 2012 година, наместо семафори, ќе никнат кружни текови. Од секторот за сообраќај при општина Охрид со објаснување дека на овој начин ќе се зголеми безбедноста, но и ќе се олесни протокот на возила на овие раскрсници.

Наместо семафори, на „Туристичка“ четири кружни текови ќе го регулираат сообраќајот. Или барем вака ќе биде, доколку се реализира делот од програмата за уредување на градежно земјиште за 2012 година, кој се однесува на изградба на кружни текови и реконструкција на раскрсници. Ова е еден од најмасовните зафати кои се предвидени со оваа програма. Според раководителот на секторот за сообраќај, Зоран Шикалески, изградбата на кружните текови во голема мера ќе придонесе за зголемување на безбедноста, но и протокот на возила во одредени делови од денот.

raskrsnica„Првата ќе биде на раскрсницата кај улицата „Асном“, односно таканаречена 110ка, втората ќе биде на раскрсницата помеѓу улицата „Асном“ и „Туристичка“, односно кај стара „Охридија“, знаете тука моментално има семафорски систем кој подолго време не функционира поради дотраеност на каблите, на овој начин сметаме дека комплетно ќе се реши режимот на сообраќај на оваа раскрсница, понатака изградба на кружни раскрсници, уште три на „Туристичка“ и тоа едната кај Мини маркет, на пресекот помеѓу „Јане Сандански“ и „Туристичка“, следната ќе е на пресекот помеѓу „Македонски просветители“ и „Туристичка“ односно кај Охридска банка и последната ќе биде на пресекот помеѓу „Туристичка“ и „Абас Емин“-вели Зоран Шикалески-Раководител на секторот за сообраќај при општина Охрид.

Побаравме објаснување од Министерството за транспорт и врски, дали ваков зафат може да биде предвиден со одлука на советот на општината, и точно во чија надлежност спаѓа оваа категорија на зафати. Оттаму го добивме следниот одговор:
„За вршење на работите кои се однесуваат на управувањето, изградбата, реконструкцијата, одржувањето и заштитата на државните патишта е надлежна Агенцијата за државни патишта.“
Раководителот на секторот за сообраќај при општина Охрид пак, Зоран Шикалески вели дека булеварот „Туристичка“ не е магистрален пат, туку магистрална улица и дека тука постои голема разлика. Тој дополнително ни појасни дека програмата за уредување на градежното земјиште во целост е општинска програма, исто како и надлежноста за поставување на семафорски системи и изградба на кружни текови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top