Нова пререгистрација за невработените

За среќа овој пат по скратена процедура. Причина се сменетите износи до кои невработените можат да остварат приход, а сеуште да бидат регистрирани на товар на државата. Доколку навреме не се изврши пререгистрација, од Фондот велат дека лицата ќе бидат одјавени од Регистарот на осигуреници.

 |  Мишел Наумоски  | 
ps FZOM
пс ФЗОМ

За среќа овој пат по скратена процедура. Причина се сменетите износи до кои невработените можат да остварат приход, а сеуште да бидат регистрирани на товар на државата. Доколку навреме не се изврши пререгистрација, од Фондот велат дека лицата ќе бидат одјавени од Регистарот на осигуреници.
По турканиците изминатото лето, кога се бркаа последните рокови за пререгистрација, од Фондот за здравствено осигурување со барање за нова пререгистрација. За среќа, овој пат целата процедура ќе биде скратена. Пререгистрацијата ќе биде сведена само на потпишување на изјава за остварен приход во претходната година.

„Рокот е до 31.03. 2012 значи за овие два месеци тие се должни да дојдат да поднесат изјава за приход остварен во 2011 година. Значи таа е оваа изјава, со себе да понесат лична карта на увид и здравствена легитимација и да ја потпишат изјавата и завршена е работата. Ќе продолжат да си ги добиваат картончињата како и досега, но доколку не дојдат до 31.03 тие ќе бидат автоматски одјавени од Регистарот на осигуреници кај нас.“-рече Славе Крстаноски-Раководител на подрачна единица на ФЗОМ.

Крстаноски апелираше до невработените осигуреници сериозно да ја сфатат оваа изјава бидејќи таа се потпишува под морална и кривична одговорност. Лицето само изјавува дали остварило поголем или помал приход од оној кој го покрива Министерството, со напомена дека станува збор за вкупен приход на цело семејство.

ps FZOM„Доколку бидат одјавени од Регистарот на осигуреници тие нема да добиваат здравствено осигурување и ќе мораат повторно да поднесат молба за осигурување и процедурата ќе биде исто како при претходното осигурување. Да поднесат изводи, барања, сите други процедури и копија од лична карта, се што беше потребно при претходното пререгистрирање изминатово лето со првата регистрација. И доколку не ја поднесат на 01.04 ќе имаат прекин во здравственото осигурување.“-вели Крстаноски.

Како причина за оваа нова пререгистрација, од Фондот ги наведуваат сменетите износи до кои невработеното лице може да оствари приход, а сеуште да биде регистрирано на товар на Министерството. Имено оваа пререгистрација важи за неколку категории на невработени осигуреници. Во првата категорија спаѓаат невработени кои оствариле приход помал од 96.600 денари, потоа лица со остварен приход поголем од 96.600, но помал од 183.546 денари под услов последните два месеци да немаат примања поголеми од 16.100. Друга категорија на осигуреници се оние кои имаат приход поголем од 96.600 но помал од 183.546, а имаат поголеми приходи во последните два месеци, ќе можат да се осигураат со 50% плаќање на придонес, а 50% ќе покрива Министерството. Додека пак лицата со примања над 183.546 ќе плаќаат доброволно целосно осигурување отприлика околу 2200 денари месечно. Сите осигуреници кои имаат ученици или студенти мора редовно да ги носат школските потврди бидејќи во спротивно нивните деца ќе бидат одјавени од Регистарот на осигурени лица.
Новата пререгистрација започна од 1ви Февруари, а ќе трае два месеци. Затоа побрзо на шалтер!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top