Доцни мрестот на охридската пастрмка

Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

 |  Валентина Нелоска  | 
mrest
mrest

Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со дозволата ќе може да влезат во водите на Охридското Езеро, за да почнат со лов на овој ендемичен вид риба, со цел да соберат  икра за вештачко оплодување. Одговор зошто се доцни со мрестот побаравме од ресорното министерство.
Портпаролот на Министерството за земјоделство,  шумарство и водостопанство, Тања Михајловска  информира дека за ден-два ќе почне мрестот. Нагласува,  проблем не се парите  туку службеното патување на министерот.
pastrmkaВообичаено, мрестот на охридската пастрмка стартува на 21 –ви јануари и трае до 30 март. Неизвесност околу мрестот имаше и минатата  година кога овој процес започна во 5 минути до 12. До последен момент ресорното министерство немаше одобрено 5 милиони денари. Парите беа префрлени пред самиот старт на  датата кога започнува мрестот, но со еден милион денари помалку од потребните пари. И покрај сите перипетии, минатата година,  мрестот на охридската пастрмка заврши со околу 2 милиони  собрана икра.     
Статистичките податоци говорат дека откога Хидробиолошкиот завод започнал со вештачко порибување на пастрмката, од далечната 1935 година, мрестот бил  прекинат само три пати. За  вештачкиот мрест не биле издвоени пари  во 1998 година заради  нерешени проблеми со тогашните концесионери и во два наврати за време на Втората светска војна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top