Ознака: овој

prezentacija na proekt

Општините од Југозападна Македонија заеднички до квалитетен туризам

Post Views: 2 Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Ред се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда. Формиран беше туристички кластер на Југозападна Македонија. „Во време на глобализација, вмрежувањето на претпријатијата и соработката меѓу нив во кластери воопшто, подобро се носи со проблемите и кризите“-со оваа мисла координаторот...

Continue reading

Suna

50 години во боите на виножитото

Post Views: 11 Ова е краткото име на долгиот пат кон успехот на Нијази Махмуд или онака како што сите го знаеме, СУНА бои и лакови. Емотивни говори, благодарници за верните соработници и пријатели. Златниот јубилеј на една од првите приватни фирми во Охрид прославен на еден посебен начин. Една од првите приватни фирми во градов го доживеа својот златен јубилеј. Мајсторот Нијази Махмуд и неговата СУНА денес одбележаа успех каков што ретко се одбележува. Од скромните почетоци далечната 1961ва година кога на мала троколка си го терал својот занает, денес Нијази Махмуд е едно од најпознатите...

Continue reading

bilbord

„ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ“

Post Views: 4 Истрајноста и стрпливоста која е белег на нашето поднебје, предмет на интерес на американскиот мултимедијален уметник Ерон Крач. Неговата уметничката проект-инсталација насловена, ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ е основана за оваа временска поента и e поставена на билборди на две локации околу Охридското Езеро и една во централното градско јадро на Охрид. “Фразата е лична”, вели авторот и, „претставува клише за истрајноста и стрпливоста. Но повеќе ми се допаѓа како јавна изјава, изјава за фактот, колку долго или бавно може да се развива историјата“, додава тој. Крач ја...

Continue reading

turisticka

Булеварот „Јане Сандански“ затворен за сообраќај

Post Views: 1 Дел од Булеварот „Јане Сандански“ денес затворен за сообраќај. Хусеин Ќато, раководителот на секторот за изградба, одржување и реконструкција на канализациони системи во Јавното Претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во телефонски разговор не информира дека причина за затворање на дел од оваа сообраќајница е еден малку поголем хидро-технички зафат. Имено, станува збор за приклучување на новоизградениот станбен комплекс лоциран во близина на булеварот, на градскиот канализационен систем, како и санирање на постоечкиот проблем со атмосферските води на овој потег, објаснува...

Continue reading

mladi

Дали Законот за млади ќе се врати во Собрание?

Post Views: 8 Да го вратиме Законот за млади во собраниска процедура! Ова е иницијативата која во моментов ја спроведува Коалицијата на младински организации-СЕГА, а чија цел е добивање на сеопфатен закон за младите во Република Македонија. Овој контроверзен закон по острите критики кои ги доби во јавноста беше повлечен од собраниска процедура. Иако Владата најпрво негираше дека ќе го повлече, сепак на крајот на месец Октомври го врати на доработка. Но додека предлагачот размислува за недостатоците на законот, младите и натаму без регулирани права и обврски. Младинските организации...

Continue reading

kal na Dimitar Vlahov

Зад општинската зграда кал до гуша

Post Views: 6 На улицата Димират Влахов, делот зад општинската зграда, кал до гуша. Жителите револтирани на надлежните затоа што со овој проблем се соочуваат веќе трета година  и сеуште ни трага ни глас од  надлежните за негово решавање. „Најголем проблем имаме кога ќе врни. Патот е со кал, со кола неможе да се помини од градежни машини. Овој проблем го имаме едно 3-4 години. Се имаме обратено до надлежните органи, но прблемот не се решава додека е во изградба. Ако нема можност да се стави асфалт, барем да се стави тампон за да може да се поминува по самата улица“, вели жител на...

Continue reading

Kuratica

Месната заедница Куратица со ултиматум до ЈП „Охридски комуналец“

Post Views: 1 Месната заедница од Куратица му откажува послушност на Охридски комуналец. Доаѓа зимскиот период, па повторно на површина испливаа несогласувањата помеѓу Куратица и јавното претпријатие. Деновиве на официјалната веб страна на Куратица, се појави јавно соопштение во кое се бара од ЈП Охридски комуналец да ја поништи ставката за јавна чистота, за овој дел од Охрид. Претседателот на месната заедница Куратица, Горан Ангелоски предупредува дека доколку до 26 овој месец Комуналец не се произнесе по ова барање, веќе од 1ви Јануари иднава година тие нема да ги користат услугите...

Continue reading

decinja priredba

„Сите сме под исто сонце“

Post Views: 1 „Сите сме под исто сонце“. Под овој наслов годинава се реализираше програмата по повод патрониот празник во ООУ Св. Климент Охридски. Весело, разиграни и распано. Вака протече синоќешната свеченост која беше посветена на децата со посебни потреби, кои се дел од овој образовен центар. „Од минатиот патронат до овој училиштето продолжи да чекори по патот по кој заедно сме го трасирале наставниците, учениците и целиот колектив, а тоа е пат кон подобри успеси, кон квалитетно образование и не само за подобрување на инфраструктурата на училиштето, туку подобрување на квалитетот...

Continue reading

kasarna

Прифатен урбанистичкиот план за касарната

Post Views: 0 Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Сега на ред се советниците кои веќе на наредната седница ќе  се произнесат за овој комплекс кој се протега на  230.000 квадрати. Градските архитекти тука  испланирале капацитети  кои им недостасуваат на жителите од овој дел на градот. Покрај сместување на   универзитетски и средношколски центар планирана е изградба на амбуланта, црква, трговски и спортски центар најавува раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов. „Постојните објекти...

Continue reading

Saso Bogoeski

Занаетчиите добија нов претседател, а стариот лут ги избрка новинарите

Post Views: 6 Регионалната занаетчиска комора од Охрид доби нов претседател. Стариот очигледно незадоволен од случувањата, ја избрка нашата новинарска екипа од овој јавен настан. Сепак ништо не влијаеше врз нормалниот тек на изборот со кој Сашо Богоески стана нов претседател на занаетчиската комора. Покрај претседателот беа избрани и нови членови на управниот одбор. Регионалната занаетчиска комора од Охрид конечно доби ново раководство. Смената на старото беше долго најавувана, меѓутоа конечно беше официјализирана на вчерашната седница на Собранието на комората. Новиот претседател...

Continue reading

konferencija

Што ќе добиеме со „Договорот за дримскиот басен“?

Post Views: 4 После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два...

Continue reading

zdruzenie invalidi

Меѓународен ден на инвалидите на трудот

Post Views: 1 Во Охрид одбележан меѓународниот ден на инвалидите на трудот. Претседателот на општинското здружение на инвалиди на трудот од Охрид, Благоја Крстаноски, вели дека како членки на Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Р.Македонија, се приклучуваат кон достојно одбележување на овој ден кој се слави низ цел свет, а кој ден е многу значаен. Крстаноски вели дека до ден денес капитални работи во однос на нивната категорија како инвалиди на трудот, не се решени и посочи од каде најповеќе потекнуваат проблемите. Нашите права и барања во многу сегменти тешко ги остваруваме,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top