Дали Законот за млади ќе се врати во Собрание?

Контроверзниот закон за млади кој беше повлечен од собраниска процедура, повторно ја бранува јавноста. Коалицијата на младински организации-СЕГА преку јавни дискусии се обидува да го врати во Собрание. Јавните дискусии се организираат низ повеќе градови, а целта е да се дадат забелешки и совети на предлагачот односно Владата на Република Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
mladi
mladi

Да го вратиме Законот за млади во собраниска процедура! Ова е иницијативата која во моментов ја спроведува Коалицијата на младински организации-СЕГА, а чија цел е добивање на сеопфатен закон за младите во Република Македонија. Овој контроверзен закон по острите критики кои ги доби во јавноста беше повлечен од собраниска процедура. Иако Владата најпрво негираше дека ќе го повлече, сепак на крајот на месец Октомври го врати на доработка. Но додека предлагачот размислува за недостатоците на законот, младите и натаму без регулирани права и обврски. Младинските организации бараат тој повторно да се врати во Собрание.
„По повлекувањето како коалиција СЕГА организиравме состаноци на ниво на надзорен одбор и на ниво на управен одбор со цел да видиме што понатака и донесовме одлука дека овој закон во најмала мера треба да се врати во собраниска процедура ваков каков што е, сакајќи да дадеме допринос и одредени забелешки, одлучивме да организираме јавни дискусии низ цела Македонија преку регионалните канцеларии кои што функционираат во рамки на оваа коалиција со цел повторно да добиеме одредени забелешки, сугестии и препораки кои што ќе бидат дадени како предлог до предлагачот за овој закон не само да биде ставен во процедура таков каков што е туку и да се дадат одредени насоки за законот да биде подобрен.“-рече Димче Каневче-Управен одобор-„СЕГА“
Од коалицијата СЕГА, велат дека тие континуирано прават чекори за подобрување на статусот на младите во општеството и сметаат дека овој закон во голема мера ќе го регулира младинското организирање. Јавни дискусии ќе бидат одржани во повеќе градови низ земјава, вклучително и денешната која се одржа во големата сала во општината.
Dimve Kanevce„Што измени би предложиле зависи од овие дебати кои што ги организираме затоа на овие дискусии ги каниме пред се младите средношколци организирани преку средношколските организации како ученици и исто така студентските организации, невладинитие организации кои што функционираат во градот, невладините организации на лицата со посебни потреби, на маргинализираните групи и секако политичките подмладоци затоа што сметаме дека тие можат да ни бидат со своите плодни дискусии добра основа за да направиме предлози кои што би ги дале до предлагачот односно до Владата на Република Македонија. Што ќе биде и дали ќе биде нешто прифатено тоа не зависи од нас.“-вели Каневче.
Законот за млади беше ставен во процедура во Април 2011 година, но неколку месеци подоцна беше повлечен поради острите критики кои ги доби во јавноста. Една од најголемите забелешки беше дека со овој закон државата под своја контрола ќе ги стави и младинските организации. Имено во предлог законот за млади, став 3, член 21, Државен совет за млади стои : (3) Државниот совет за млади е составен од 21 до 29  члена кои ги избира  Собранието на  Република Македонија со мандат од пет години, со право на повторен избор. По повлекувањето на законот, Владата сеуште се нема произнесено околу неговата иднина. Ова ги испровоцира младинските организации да ја покренат иницијативата за негово повторно враќање во собраниска процедура.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top