„Сите сме под исто сонце“

„Сите сме под исто сонце“. Под овој наслов годинава се реализираше програмата по повод патрониот празник во ООУ Св. Климент Охридски. Весело, разиграни и распано. Вака протече синоќешната свеченост која беше посветена на децата со посебни потреби, кои се дел од овој образовен центар.

 |  Татјана Маленкова  | 
decinja priredba
дечиња приредба

„Сите сме под исто сонце“. Под овој наслов годинава се реализираше програмата по повод патрониот празник во ООУ Св. Климент Охридски. Весело, разиграни и распано. Вака протече синоќешната свеченост која беше посветена на децата со посебни потреби, кои се дел од овој образовен центар.

„Од минатиот патронат до овој училиштето продолжи да чекори по патот по кој заедно сме го трасирале наставниците, учениците и целиот колектив, а тоа е пат кон подобри успеси, кон квалитетно образование и не само за подобрување на инфраструктурата на училиштето, туку подобрување на квалитетот на образованието со примена на методи и техники во нставата кои ќе ги подготват нашите ученици за средно образование, како и за сите предизици кои ги очекуваат во оваа глобализација. Во текот на минатата година имавме инфраструктурни промени, училиштето се огради, а се огаради и спортскиот терен“, вели , Директор на ООУ СВ. Климент Охридски, Славица Илиќ.

Директорката Илиќ кажа и дел од планови на училиштето. Напомена дека за следнава година планираат да се смени бетонот во улилишниот двор и да се направи училница во природа затоа што во улиштетот има услови за тоа. Директорката открива дека во моментов најголем проблем е дограмата, која е стара 30 години.

decinja priredbaИ од локалната самоуправа се сложуваат дека дограмта во училиштето мора да се промени, затоа што на тој начин училиштето ќе заштеди и во енергија. И раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумовски, се сложува дека дограмата во училиштето треба итно да се смени. Тој покрај за плановите на локалната за училиштето не можеше да ги ские импресиите од програмата која беше подготвена од учениците.

„Самото име на училиштето дава надеж дека секоја генерација како што ќе излегува ќе биде и помногубројна, бидејќи веќе имаме и раст на ученици, но верувам дека ќе излегуваат и таленти. Ние како општина Охрид исклучиво со средства години наназад вложуваме во подобрување на условите . Конкретно за ова училиште гледате дека е едно од најдобрите, но за да ги подобриме условите мора да ја промениме надворешната дограма која е предвидена во проектната програма“, вели раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумовски.

Меѓу присутните гости на вчерашната свеченост беа и претседавачот на совет Душко Јаковчески и дел од советниците.
На вчерашната свеченост на најдобрите ученици им беа доделени награди и тоа I, II, и III место на литературниот конкурс за ученици од I до IV одд., како и I, II, и III место за ученици од V до VIII. Беа доделени награди и за ликовен конкурс за ученици од I до IV одд., како и за ученици од V до VIII одд. Покрај за ова награди им беа доделени и на најдобрите ученици на турнирот во шах и пинг – понг, во машка и женска конкуренција.
Посебно впечаток од програмата за патрониот празник кај присутните остави филмот кој го подготвиле и одглумиле децата насловен „Училиште без насилство“.
Програмата „Сите сме под исто сонце“, се реализира во преполната училишна сала. Меѓу присутните беа имаше и директори на образовни и други институции, родители, пензионирани работници, ученици….
Во холот на училиштето беше организрана и продажна акција на здрава и традиционална храна за која се погрижија Здруженито на жени Бисера, како и родителите на учениците. Собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозените ученици од училиштето.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top