Занаетчиите добија нов претседател, а стариот лут ги избрка новинарите

Регионалната занаетчиска комора од Охрид доби нов претседател. Стариот очигледно незадоволен од случувањата, ја избрка нашата новинарска екипа од овој јавен настан. Сепак ништо не влијаеше врз нормалниот тек на изборот со кој Сашо Богоески стана нов претседател на занаетчиската комора. Покрај претседателот беа избрани и нови членови на управниот одбор.

 |  Мишел Наумоски  | 
Saso Bogoeski
Saso Bogoeski

Регионалната занаетчиска комора од Охрид доби нов претседател. Стариот очигледно незадоволен од случувањата, ја избрка нашата новинарска екипа од овој јавен настан. Сепак ништо не влијаеше врз нормалниот тек на изборот со кој Сашо Богоески стана нов претседател на занаетчиската комора. Покрај претседателот беа избрани и нови членови на управниот одбор.

Регионалната занаетчиска комора од Охрид конечно доби ново раководство. Смената на старото беше долго најавувана, меѓутоа конечно беше официјализирана на вчерашната седница на Собранието на комората. Новиот претседател на комората, Сашо Богоески како најголем проблем во досегашното работење ја посочи неорганизираноста на раководството. Тој вели: Во изминативе 6-7 години вчерашната средба беше за жал само трета одржана досега, а комората е всушност синдикат за занаетчиите преку кои треба да ги остваруваме нашите права. Богоески ни ги потенцираше идните приоритети на регионалната занаетчиска комора.

„Број еден во мојата програма е борбата против нелојалната конкуренција. Значи ако сме пријавени 162 занаетчии, сигурно уште толку има непријавени. Значи должност и обврска на комората е да ги најде и открие непријавените занаетчии, да се пријават, да си регистрираат фирма и да работат легално. Исто така добро организирани, имаме голем број на барања и до локалната и до државните институции затоа што досега не бевме организирани, ги баравме поединечно, каде што поединечно не можевме и многу да успееме во нашите барања, а вака организирано преку коморава, сите барања на сите занаетчии што ги имаме можеме да ги оствариме.“- вели Сашо Богоески-Претседател на Регионална занаетчиска комора-Охрид.

sednica na sobranie na komora na zanaetciiЗа жал на овој демократски процес, црна дамка стави скандалозното однесување на досегашниот претседател на комората, Велјан Филчовски. Сега веќе екс-претседателот, незадоволен од развојот на настаните, веднаш по самото пристигнување ја избрка нашата новинарска екипа и не ни дозволи да го следиме овој јавен настан и покрај тоа што бевме уредно поканети. Богоески со осуда за овој инцидент.

„Видов дека синоќа во 21 часот кога почна седницата, на новинарите вратата им беше затворена и им било кажано дека седницата е од затворен тип. Како се работело досега во комората, не знам. До синоќа јас бев член на занаетчиската комора и ништо повеќе, увид во досегашната работа немав. Се формираа органите, ќе видиме како се работело. Сите органи си имаат своја должност што треба да работат, имаме управен одбор, имаме надзорен одбор, имаме собрание. Работата ќе е транспарентна од денеска па натака.“-додаде Богоески.

Имено покрај функцијата претседател на комората, Богоески ќе ја извршува и онаа на Претседател на управниот одбор, а беа избрани уште 7 членови на управниот одбор од кои двајца ќе бидат членови и на Занаетчиската комора на Република Македонија. Единствениот противкандидат на Богоески, Сузана Наумовска е избрана за член во управниот одбор на Занаетчиската комора на Македонија. Богоески претседателската функција ја доби со 7 спрема 5 гласа во негова корист.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top