Општините од Југозападна Македонија заеднички до квалитетен туризам

Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда.

 |  Мишел Наумоски  | 
prezentacija na proekt
prezentacija na proekt

Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Ред се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда. Формиран беше туристички кластер на Југозападна Македонија. „Во време на глобализација, вмрежувањето на претпријатијата и соработката меѓу нив во кластери воопшто, подобро се носи со проблемите и кризите“-со оваа мисла координаторот на овој туристички кластер, Ружди Муфти ја појасни и потенцира потребата од вакви здружувања, не само во овој регион, туку и во целата држава.

„Ние како туристички кластер сме прв туристички кластер кој што се формира во Македонија, сме туристички кластер на југозападниов регион кој што опфаќа 13 општини, меѓу кои Охрид, Струга, Дебар, Македонски брод, Другово, Зајас, Кичево, да не ги набројувам сите сега, меѓутоа конкретно почнавме со програми кои што ќе ги опфатат сите општини, бидејќи не се само Охрид и Струга туристички центри, затоа што туризмот треба да се прелее и во овие општини и да видиме што имаме есенцијално во тие општини.“-вели координаторот Муфти.

Токму во насока на збогатување на туристичката понуда и размислување за алтернативите се надоврза и Горан Нестороски од Советот за туристички активности на општина Другово. Тој вели: „Општина Другово е како што ние милуваме да кажеме, неоткриена туристичка дестинација.“

turisticki klaster„Чест и задоволство ми е што сум денеска на оваа средба и што конечно се најдоа луѓе што видоа малку подалеку од подрачјето на Охридското езеро, значи видоа нешто повеќе во соседните општини, во тој алтернативен туризам, нашето подрачје со сите тие убавини што изобилува најмногу одговара за организирање на тие еднодневни тури и се надеваме дека во иднина формирањето на овој кластер ќе донесе бенефит за нашата мала општина.“-рече Нестороски.

Еден мал пример за неоткриените богатства кои ги има Другово е манастирот св.Богородица Пречиста кој потекнува од 13от век, но и новооткриените водопади за кои Нестороски вели се на рамниште со Смоларските, но за жал не се пристапни за туристите. Работата на туристичкиот кластер веќе започнува. Тие ќе го промовираат регионот пред туристите, а го започнуваат и својот прв проект.

turisti;ki klaster„Првиот проект кој што го добивме во соработка со ГИЗ РЕД центарот со седиште во Струга е печатената брошура со наслов „Активен одмор во Југозападна Македонија“. Идејата беше да ги вклучиме сите можни активности за кои што регионот пружи можност да се понудат на пазарот на туризам.“-изјави Александар Јованоски-Координатор на проектот.

„Таа брошура треба да биде транспарентна, односно сите понудувачи на услуги во самата брошура ќе влезат со свои генералии. Логоа, контактни информации, веб сајтови итн. Сакаме да оствариме една транспарентност помеѓу туроператорите за кои првенствено е наменета оваа брошура со директните даватели на услуги во регионот.“-додава Јованоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top