„ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ“

Охриѓани деновиве можат да ја забележат оваа фраза, на неколку билборди поставени во Охрид и околината. Станува збор за уметничка проект-инсталација на американскиот мултимедијален уметник Ерон Крач.

 |  Крсте Голабовски  | 
bilbord
bilbord

Истрајноста и стрпливоста која е белег на нашето поднебје, предмет на интерес на американскиот мултимедијален уметник Ерон Крач. Неговата уметничката проект-инсталација насловена, ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ е основана за оваа временска поента и e поставена на билборди на две локации околу Охридското Езеро и една во централното градско јадро на Охрид.
“Фразата е лична”, вели авторот и, „претставува клише за истрајноста и стрпливоста. Но повеќе ми се допаѓа како јавна изјава, изјава за фактот, колку долго или бавно може да се развива историјата“, додава тој.

Eron KracКрач ја посети Македонија на почетокот на оваа година и за време на неговиот престој тука, дошол на идејата за овој проект. „Охридското Езеро е старо милиони години, што е неверојатна и несфатлива временска категорија. Контраст со количеството промени, лични и политички – кои се јавуваат во нашите кратки животи. Овој вид на време, кое брзо се движи, е уште едно ниво кое овој проект го истражува“ вели Крач.

Ерон Крач е роден Ајонија, Мичиген во 1972 година. Израснал во Алхамбра Калифорнија, каде на Универзитетот во Калифорнија, дипломирал во класата за визуелна уметност. Денес Крач живее и твори во Њујорк. Неговите фотографии и скулптури се изложени во Сиетл, Сао Паоло, Бостон и Лос Анџелес.

Добитник е на грантот за култура на јавни уметности во Долен Менхетн. Досега има објавено и две книги: романот „Половичен живот“ и збирката фотографии „100 Мистерии на Њујорк“.Од неговото новинарско портфолио, треба да се напомене неговата работа во „Ин Стајл“ магазинот, а тој е и поранешен уредник на „Емпајер“ филмското списание.

Инсталацијата е поставена од 1ви декември, а ќе остане во нашиот град до 31ви јануари 2012.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top