Прифатен урбанистичкиот план за касарната

Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Сега на ред се советниците кои веќе на наредната седница ќе  се произнесат за овој комплекс кој се протега на  230.000 квадрати.

 |  Валентина Нелоска  | 
kasarna
kasarna

kasarnaМинистерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Сега на ред се советниците кои веќе на наредната седница ќе  се произнесат за овој комплекс кој се протега на  230.000 квадрати. Градските архитекти тука  испланирале капацитети  кои им недостасуваат на жителите од овој дел на градот. Покрај сместување на   универзитетски и средношколски центар планирана е изградба на амбуланта, црква, трговски и спортски центар најавува раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов.
urbanisticki-plan„Постојните објекти се во мошне добра кондиција и со мала реконструкција која не би чинела многу можат да се стават во функција. За амбулантата може да се направат доградби или надградби кои би служеле на населението кое живее во непосредна близина на касарната“, укажува Арнаудов. По добиената согласност за  урбанистичкиот план од ресорното Министерство сега тече постапка за трансфер на земјиштето од централно на локално ниво појаснува Арнаудов. Оптимистички се очекува веќе на почетокот од идната година да стартуваат и  архитектонските урбанистички проекти со кои ќе им се  дадат конкретни содржини на предвидените локации.
Градските архитекти на комплексот касарна испланирале содржини на грандиозни површини. За  универзитетскиот центар е испланирана  површина од  100.000 квадрати, за средношколскиот пак  20.000, а за спортските терени се планирани  60.000 квадрати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top