50 години во боите на виножитото

Ова е краткото име на долгиот пат кон успехот на Нијази Махмуд или онака како што сите го знаеме, СУНА бои и лакови. Емотивни говори, благодарници за верните соработници и пријатели. Златниот јубилеј на една од првите приватни фирми во Охрид прославен на еден посебен начин.

 |  Мишел Наумоски  | 
Suna
Suna

Ова е краткото име на долгиот пат кон успехот на Нијази Махмуд или онака како што сите го знаеме, СУНА бои и лакови. Емотивни говори, благодарници за верните соработници и пријатели. Златниот јубилеј на една од првите приватни фирми во Охрид прославен на еден посебен начин.

Една од првите приватни фирми во градов го доживеа својот златен јубилеј. Мајсторот Нијази Махмуд и неговата СУНА денес одбележаа успех каков што ретко се одбележува. Од скромните почетоци далечната 1961ва година кога на мала троколка си го терал својот занает, денес Нијази Махмуд е едно од најпознатите имиња во градов. СУНА бои и лакови е една од малкуте приватни фирми кои во времето на социјализмот можеа да се пофалат дека соработуваат со државните гиганти.

„Tоа е нешто што не можам да ви опишам, доста сум возбуден, но 50 години да опстанеш со една фирма, за тоа треба умешност, храброст, самооткажување треба. Сум потрошил доста труд, време, сум одел пред времето, не сум чекал да ме гази времето во мојот занает. Јас сум задоволен со она што сум го стекнал и повеќе што би можел да ви речам, пресреќен сум денеска.“-вели Нијази Махмуд-Сопственик на СУНА бои и лакови.

50 god SunaНа блескавата свеченост по повод овој значаен јубилеј, на едно место беа собрани сите негови соработници, пријатели, но пред се неговото семејство. Меѓу присутните, беше и младата Суна Шаботиќ, внуката на Нијази Махмуд по која беше именувана и самата фирма.

„Секој човек си има своја животна приказна, а да се успее во овие времиња навистина не е лесно. Морам да истакнам дека неговата неисцрпна љубов како татко и дедо е проткаено низ целото негово животно и работно дело. Неговата позитивна енергија исто така ни ја пренесе и нам на членовите на неговото семејство чиј столб беше, сеуште е и ќе биде.“-рече Суна Шаботиќ-внука на Нијази Махмуд

Бројни се луѓето со кои во текот на овие 50 години соработувал Нијази Махмуд. Меѓу многуте, секако се истакнува и проф.д-р Јосиф Андреески, кој во времето кога СУНА прераснуваше во голема фирма беше директор во тогашниот гигант „СЛОБОДА“.
50 god Suna
„Мислам дека не случајно тој слави 50 години. Тој беше многу трудољубив, квалитет нудеше секогаш, беше чесен во односите со луѓето и во бизнисот и затоа неговиот бизнис го наследува неговото семејство и јас мислам и неговите внуки и внуци ќе го наследат ако така успешно работат.“-вели Проф.д-р Јосиф Андреески-пријател и соработник на Нијази Махмуд

Тешко е да се сумираат сите впечатоци од прославата на овој златен јубилеј. Емоциите преовладуваа кај сите присутни. Почестени со благодарници беа долгогодишните верни работници и пријатели на Нијази Махмуд кои и ден денес се дел од неговата фирма. Негови ученици допатуваа километри доаѓајќи дури од Австрија за да му покажат почит на својот учител. Нека им е честит овој Златен јубилеј.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top